Нови 2000 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 5.779 тестирања. Од нив, 267 се реинфекции. Починале 23 лица од кои најмладиот на 35 годишна возраст. Дополнително, според Регистарот на умрени лица од Ковид-19 во периодот од 24 декември до 30 јануари починати се уште 12 лица.
Од вкупно починатите 35 лица, 13 лица биле целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.
Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје – 1096 по што следуваат Битола со 123 и Кавадарци со 108 случаи. Најмалку нови случаи има во Крушево и Македонски Брод по двајца и во Пробиштип и Пехчево по еден нов случај во изминатото деноноќие.