Бројот на заболени со КОВИД-19 неделава е во постојан пораст. Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи со КОВИД-19, четири лица починаале.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројот на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а на активни случаи изнесува 955.