Регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.632 тестирања согласно податоците на Институтот за јавно здравје за последните 24 часа, оздравени се 830 пациенти, а пријавени се 28 починати, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Најмногу нови заразени има во Скопје – 245, по што следат Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по три, Делчево и Демир Хисар – по два, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по еден.
-Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: девет починати лица се од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), две од Куманово (63г и 60г) и по едно починато лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Дополнително, наведуваат, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои седум лица починале во болнички услови, додека другите седум лица се починати во домашни услови.
Од оздравените пациенти во Скопје се 250, Струга – 186, Охрид – 103, Струмица – 91, Куманово – 28, Тетово – 22, Кичево – 18, Кавадарци – 17, Велес, Штип и Битола – по 12, Кочани – 10, Прилеп и Гостивар – по 9, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6, Кратово и Дебар – по 5, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188 635 на оздравени пациенти е 169 946, а на починати е 6 539. Бројот на активни случаи изнесува 12.150.












