„Ни случајно, само Република Македонија!“, „Мислам дека ќе биде проблем со Бугарија, тие го сметаат за бугарско востание“, „Македонија е божја земја и божји народ!“, се дел од одговорите на граѓанките и граѓаните на прашањето на ЦИВИЛ Медиа што мислат за предлог името – Република Илинденска Македонија.
„Мислам дека не важи! Што направил Илинден за нас? Изгубен е…“ вели еден граѓанин. „Македонија си е Македонија, немам друг коментар“, се надоврза друг.
Еден од соговорниците рече дека подобра би била географска одредница наместо Илинденска Македонија. „Јас не сум илинденец. Оние што биле изумреле. Тоа е глупост. Ајде ако не да биде Република Борбата со фашизмот“, вели тој.
Имаше и граѓани на кои им се допаѓа предлогот. „Нешто прекрасно, нешто нај најубаво!“, вели една граѓанка.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента