• Latest

Новинарите обвинуваат: МПМ бил систематски уништуван со штетни договори!?!

May 8, 2017
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новинарите обвинуваат: МПМ бил систематски уништуван со штетни договори!?!

May 8, 2017 14:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Склучувани се штетни милионски договори, неповрзани со основната дејност, со кои систематски била уништувана компанијата „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), додека истовремено, менаџментот скусувал плати и бркал новинари…, обвинија на денешната заедничка прес-конференција, претставниците на вработените во згаснатите изданија на МПМ, на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и на Самостојниот синдикат на медиуми и медиумски работници (ССНМ). 

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани изрази солидарност и поддршка во остварувањето на социјалните права на колегите од овие изданија, што според него, на непримерен начин останаа без работа.

„Го осудуваме однесувањето на менаџментот и на сопствениците на МПМ, кои не само што не успеаја да ја спасат компанијата, туку се обидуваат да ги избегнат законските обврски за компензација на новинарите. Медиумските компании пропаѓаат секаде во светот, но она што загрижува во случајот на МПМ е што постојат сериозни индиции дека компанијата свесно се уништува, оставајќи без егзистенција стотина фамилии. Менаџментот на МПМ молчи во врска со информациите во јавноста, дека во август 2015 година, кога на новинарите им се намалуваа платите до 20 отсто, на директорката Јана Станисављева ѝ била понудена плата од 25 илјади евра“, истакна Селмани. Според него, случајот на МПМ е еклатантен пример за што служат медиумите во Македонија. Тие, според првиот човек на ЗНМ, не постојат за информирање на граѓаните, туку за политичка пропаганда на власта.

Љубиша Станковиќ, претставник на Синдикатот на вработените во „Утрински весник“, вели дека не е во прашање само огромната плата од 25 илјади евра на директорката Станисављева, туку и дополнителните трошоци од над милион и 345 илјади денари. Со оглед дека никој не ги демантираше наводите и дека е невозможно да се стапи во контакт со директорката, вработените во МПМ засега ги сметаат овие податоци – за вистина.
„Ние се сомневаме, а на државниот обвинител и на неговите подредени е да утврди дали преку МПМ се испумпувани огромни суми пари. Од Јавниот обвинител на Македонија, од обвинителот за гонење на организиран криминал, од скопската јавна обвинителка, очекуваме да утврди од каде ѝе на госпоѓицата Јана Станисављева основачкиот влог од милион и 300 илјади евра, да влезе во МПМ и да стане третиот содружник во компанијата?  Дотолку повеќе што нашите сознанија се дека таа за првпат се вработила во државна институција, и оттаму е дојдена во МПМ. Значи, бараме и потекло на парите“, посочува новинарот Станковиќ. Тој, во име на 120 вработени кои се моментално оставени на улица, побара од Трудовата инспекција да влезе во компанијата и да утврди каде се овие луѓе сè уште вработени, во кои простории и каква е нивната дејност. „Ние немаме работни простории, а веќе немаме ни дејност“, заклучи тој.

Тамара Чаусидис од ССНМ посочи дека Синдикатот, токму преку примерот на работењето и она што се случуваше во МПМ, сака да ѝ стави крај на праксата на свесно уништување на брендови и медиуми, како и на економскиот и социјалниот статус на новинарите. Според неа, објавените информации во врска со примањата на менаџментот се сериозна индиција која подразбира кривично гонење.

„Ние веќе сме во постапка за кривична пријава за склучување штетни договори, за злоупотреба на позицијата и за злоупотреба на службената должност, којашто свесно ја однесе фирмата во финансиски тешкотии, ги намали платите на новинарите и, на крај, дојде до затворање на печатените изданија на весниците и останување на луѓе без работа. Такво нешто не е според закон дозволено“, истакна Чаусидис. Претседателката на новинарскиот синдикат посочи дека овој случај е сличен и функционирал по ист принцип како со проблематичната приватизација на фирмите од минатото, при што со високи и штетни договори се извлекувале парите од фирмата.

Според нивните сознанија, МПМ во последните две години била несолвентна и работела со загуба. „Во таква ситуација, да склучувате договори на високи суми, не значи ништо друго, туку злоупотреба на службената положба“, смета Чаусидис.

„Ја немаме земено сè уште мартовската плата, веќе осум дена немаме здравствено осигурување, иако имаме колеги кои имаат сериозни здравствени проблеми и закажано за лекарски прегледи. Менаџментот од бившата фирма вели дека нема пари да се исплатат нашите плати, можно е само да се исплати мартовската, а за другите кои што ќе ги имаме, побарувањата за априлската, мајската и јунската, додека се водиме во фирмата, односно, додека не преминеме како технолошки вишок, велат дека немаат средства да ни се исплатат, со тоа што ние сме останати без работа, и без никакви исплати од фирмата, во која што работевме, повеќето од нас 10 и повеќе години“, рече  новинарката Ана Антевска од весникот „Вест“. Таа посочи дека целата комуникација со кадровското одделение во МПМ се одвива усно, и дека вработените досега не добиле никаков конкретен документ за нивниот статус. Комуникација со највисоките раководители и сопствеништвото е невозможна, бидејќи тие се постојано „на службен пат“.

Во недостаток на вистинска процедура и почитување на законите и работничките права, меѓу вработените кружат секакви информации. Сè поизвесно е дека најголем дел од нив ќе бидат прогласени за технолошки вишок и дека „старата“ МПМ оди под стечај. Новата компанија веќе функционира, а во неа се вработени само мал дел од оние кои некогаш ги создаваа медиумските содржини во печатените изданија кои згаснаа минатата недела.

„Вест“ и „Утрински весник“ излегуваат само онлајн, додека „Теа Модерна“ како подлисток на „Дневник“, единствениот од дневните весници на МПМ што како печатено издание ги преживеа овие случувања.

Петрит Сарачини

Tags: „Теа Модерна“„Утрински“Ана АнтевскаВестДневникЗНМЈана СтанисављеваЉубиша СтанковиќМПМНасер ЗибериССНМТамара Чаусидис
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ