Од денеска, новинарите и медиумските работници на Медиа принт Македонија, ќе штрајкуваат по осум часа, а многу веројатно е дека весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, воопшто нема да излезат од печат!
Љубиша Станковиќ, претседател на синдикатот на „Утрински весник“ изхјави за ЦИВИЛ Медиа дека издавањето на весниците отсега е грижа на менаџментот. Една од опциите е – весниците да се печатат со редуциран обем на страници.
На ваков чекор новинарите се решија откако не беше исполнето ветувањето дека до миниатиот петок ќе им биде исплатена јануарската плата. Иако директорот на МПМ, Срѓан Керим, на гостувањето во ТВ 24 посочи дека се договорил со синдикалците за исплаќање на платата, и дека немаат долгови, тоа не се случи.
Дел од вработените велат дека им е ветено дека ќе ги добијат јануарските плати во текот на утрешниот ден.
„Не сакам да верувам во никакви шпекулации. Ние ќе штрајкуваме додека не видиме дека навистина се префрлени пари. Имајте предвид дека тоа е само за јануарските плати, а веќе дојде средина на март“, изјави Станковиќ за ЦИВИЛ Медиа.
Маја Ивановска