• Latest
Талибанци (фото: Lorenzo Tugnoli/FTWP)

Новите владетели на Авганистан ги заменуваат граѓанските права со „Божји закон“

February 18, 2023

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Новите владетели на Авганистан ги заменуваат граѓанските права со „Божји закон“

February 18, 2023 09:27
in СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Талибанци (фото: Lorenzo Tugnoli/FTWP)

Талибанци (фото: Lorenzo Tugnoli/FTWP)

Share on FacebookShare on Twitter

Кога Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан, веднаш започнаа со „кампања за прочистување“, пишува Вашингтон Пост. Целта на оваа кампања е да ги укине граѓанските закони и институции и да изгради целосно исламско општество.

Според сторијата на Вашингтон Пост, година и пол подоцна, Талибанците го уништија правосудниот систем на земјата. Со својата кампања, тие се стремат кон создавање верски емират. Го укинаа уставот и го заменија правниот систем со правила засновани на драконско толкување на исламскиот закон.

Талибанците ги наполнија затворите, ги лишија мажите и жените од основните граѓански права и ги растурија мрежите за социјална заштита наменети за заштита на најранливите Авганистанци, се вели во сторијата. Исто така, тие ги трансформираат медиумите, користејќи ги за промоција на својата визија за земјата и ограничувајќи ја содржината која се смета за неисламска, вклучувајќи ја музиката и присуството на жените на екраните.

Накратко, Талибанците го заменија општествениот поредок заснован на права со режим кој се одржува со заплашување, прогон и угнетување. Тие, меѓу другото, тврдат дека водат и кампања за подобрување на безбедноста и елиминирање на корупцијата.

„Ја вративме човечноста во земјата“, изјави Мавлеви Ахмад Шах Федаји, истакнат имам со блиски врски со Талибанците, говорејќи пред неговата џамија во вториот по големина авганистански град Кандахар. Тој рече дека владеењето на Талибанците го подобрило животот на сите Авганистанци, вклучително и жените, и им дава на луѓето поголема слобода на говорот. „Порано жените беа принудени да работат, но сега се чуваат дома и се третираат како кралици“, изјави имамот.

Талибанските судии велат дека или ги запалиле книгите со законите од претходната власт по преземањето во 2021 година, или ги оставиле правните книги и списи недопрени на полиците.

Во последните месеци, „кампањата за прочистување“ дополнително ескалира. Талибанците ги официјализираа законските и политичките промени. Врховниот водач на Талибанците, Хаибатула Ахунџада, меѓу другото, објави дека наводните криминалци кои не го почитуваат исламскиот закон, ќе бидат подложени на јавни претепувања.

„Судовите се главниот извор на прочистување на исламската влада“, рече муфтијата Фазлула Асим, 35-годишен судија во криминалното крило на судот во Кандахар, кој пред Талибанците да дојдат на власт, ги одржувал талибанските профили на социјалните мрежи.

Од тоа што досега е познато „кампањата за прочистување“ што ја водат Талибанците сè уште не станала толку брутална како што беше во времето пред освојување на власта. На пример, порано беше широко распространето каменувањето жени за наводна прељуба. Но според сите сигнали, тековните промени во начинот на владеењето, сугерираат дека Талибанците стануваат сè побрутални и можно е сите нивни „практики“ да се воведат во нивната полна форма.

Извор: Washington Post

Tags: Авганистанисламски законкампања за прочистувањеТалибанци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ