Додека во Скопје владее празнична еуфорија и поголемиот дел од граѓан(к)ите забрзано купуваат подароци и се подготвуваат за најлудата ноќ и за божиќните празници, екипата на ЦИВИЛ Медиа забележа неколку граѓани како се обидуваат секојдневно да преживеат со просење, свирење, рецитирање на Ку’ран…
Тажна слика. Тажна Македонија! На само неколку дена до Нова година, во центарот на Скопје преку цел ден владее тишина. Освен неколкуте Ромчиња коишто со своите тарабуки ги забавуваат граѓан(к)ите, друга музика – нема.
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента