• Latest

Несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки стартува на Хематологија

May 17, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки стартува на Хематологија

May 17, 2018 07:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина, несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки почнува од денеска да се извршува во целосно реновираниот Оддел за трансплантација при Универзитетската клиника за хематологија-Скопје.

По тој повод, министерот за здравство Венко Филипче ќе се обрати на отворањето на Одделот и презентацијата на процедурата.

Со  обезбедување највисоки европски услови и стандарди за хоспитализација на болни кои имаат индикација да се лекуваат со трансплантација на матични хематопоетски клетки ќе се овозможи Клиниката за хематологија да се впише меѓу центрите каде се спроведува таа најсофистицирана тераписка процедура.

Клиниката со овој чин не само што ќе овозможи за првпат во нашата држава да биде достапен овој софистициран тераписки метод за пациентите, туку ќе биде препознаена и како еден од лидерите во регионот на овој план.

Пациентите кои немаа фамилијарен донор и имаа потреба од несроден (нефамилијарен) донор на хематопоетски матични клетки, изминативе години се лекуваа во странски европски центри за трансплантација на трошок на Фондот за здравствено осигурување. Финансиските средства за лекување со несродна трансплантација во странство изнесуваа просечно 90.000 евра до 150.000 евра по пациент во зависност од примарната дијагноза и компликациите по интервенцијата. Во 2017 година 25 болни со малигни заболувања се лекувани со несродна трансплантација во Германија, Турција и други европски и светски центри.

– Ова е висок професионален дострел за нас како здравствени работници, нова страница во историјата на македонската хематологија како и важен чекор напред за јавното здравство на Република Македонија во целина. Пациентите во новоотворениот Оддел за несродна трансплантација добиваат многу подостапна, поекономична услуга, еднакво ефикасна со останатите европски центри, која во исто време овозможува тие да бидат близу до своите семејства во периодот кога минуваат низ ова сложено лекување, посочуваат од Клиниката.

Одделот за трансплантација на хематопоетски матични клетки почна да работи во септември 2000 година со реализација на првите трансплантации на матични клетки во Република Македонија во соработка со болницата „Г. Папаниколау“ од Солун, Грција. Тимот за трансплантација на хематопоетски матични клетки од Клиниката за хематологија е активен член на Европската група за трансплантација на матични клетки од 2003 година.

Во период од 17 години реализирани се 440 трансплантации (104 алогени и 336 автологни трансплантации) кај болни со акутни леукемии, малигни лимфоми, мултипен миелом и останати малигни и немалигни хематолошки заболувања кои имаат потреба за лекување со овој тераписки пристап. На Клиниката се извршуваат автологни трансплантации и алогени трансплантации од сроден фамилијарен донор (брат или сестра). (МИА)

Tags: здравствоМатични Клетки
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ