• Latest

Нуредини: Со Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ ќе се гарантира заштита на биолошката разновидност

April 29, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Со Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ ќе се гарантира заштита на биолошката разновидност

April 29, 2021 13:01
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ ќе биде алатка за новото јавно претпријатие кое ќе управува со националниот парк, со цел да се гарантира заштита на биолошката разновидност, заштита на природата, на сите видови и овозможување на сите позитивни придобивки од националниот парк, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на денешниот воведен настан за изработка на нацрт-планот за управување со Националниот план „Шар Планина“.

Тој нагласи дека смета оти во последните неколку години имаат направено многу за заштитата на животната средина, особено во однос на прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје.

– Со финалната фаза на прогласувањето на Шар Планина како Национален парк мислам дека правиме голем исчекор во оваа држава. Се надеваме дека многу наскоро ќе биде усвоено, како што знаете веќе е во собраниска процедура. Веќе не треба да зборуваме дали треба да биде национален парк или не, туку како треба да се управува со националниот парк, рече Нуредини.

Министерот посочи дека „Шар Планина“ ќе биде четврт национален парк во нашата држава.

– И овој ќе ни даде можност не само да ја заштитиме животната средина и да видиме на кој начин можеме да се движиме кон одржлив развој, туку исто така да го развиваме туризмот, зелени работни места, како и да го подобруваме животниот стандард на луѓето кои живеат во близина на паркот, истакна Нуредини.

Експертот Даниел Богнер, тим лидер за изработка на планот, од Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN потенцираше дека сите сме свесни дека Шар Планина има исклучителни вредности.

Националниот парк треба да го поддржи развојот на локалните планински села, тоа значи дека ќе се фокусираме на инфраструктурни проекти, на системи за греење, што е од исклучителна важност за добро управување со национален парк, рече Богнер.

Тој, во однос на прашањата на жителите околу што ќе се случува во строго заштитените зони, дали ќе можат да ја пасат стоката, потенцираше дека секако ќе ги поддржат сите традиционални активности, тие, како што рече, одат „рака под рака“ со целите за заштита.

– Ако ова не се случувало 1000 години наназад, оваа биолошка разновидност нема да биде тука. Традиционалните активности ќе продолжат, ќе ги поддржиме, меѓутоа ќе ги поставиме во рамки на национален парк. Имам предвид дека треба да понудиме и финансиска поддршка за подобрување на оваа инфраструктура за куќички, системи за заштита на млечни производи, млеко и така натаму. Тоа ќе го дискутираме наредните месеци, посочи Богнер.

Тој рече дека оствариле контакт со локалните селани, кои навеле дека им треба пат кој што е исчистен во текот на целата година, струја и интернет. Мислам дека, како што рече, тие ставови ги претставуваат сите жители и гледам навистина голем потенцијал за развој на овие села, особено во однос на инфраструктура и работни места.

Експертот посочи дека биле во контакт и со наставниците во основните училишта, нагласувајќи дека навистина мора да се искористи знаењето на сите тие во однос на самата планина и сето тоа да се земе предвид во планот за управување.

– За отпадот таму , тоа е една тажна слика, меѓутоа има решение за ова и овие теми, мора да се справиме и да ги решаваме, наведе Богнер.

Сечењето шуми во националните паркови, наведе, бара долги дискусии, но мора да се размислува вон вообичаените рамки.

– Сега сме во еден посткомунистички систем, но тоа не функционира како што треба и затоа мора отворено да се дискутира за сосема иновативни решенија во однос на управувањето со шумите и на тој начин, нормално до одреден степен, да се обезбеди дрво за греење или пак системи за греење за локалното население. Имаме и некои прашања кои треба да се решаваат во самите села и да разговараме со луѓето како сето тоа да се вгради во овие планови за управување, објасни експертот.

Тој оцени дека Шара е извонредно туристичко место особено, како што рече, затоа што е на самата граница и е извонредно место за туризам низ целата година со најразлични можности и опции што ги нуди.

– Оваа планина нуди многу туристички можности кои можат да се усогласат заедно со потребите за управување со планот за заштита на целокупниот простор, наведе експертот.

Тој посочи дека сега прават адаптација на зонирањето.

– За рамката за планот за Националниот парк Шара ги следиме националните и меѓународните насоки. На национално ниво имаме прирачник за она што треба да се најде во овој план, а исто така ќе ги земеме предвид и прописите и стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија. Мора да постои вклученост на активните чинители и тоа е од клучна важност, а јас се залагам за „одоздола -нагоре“ кога станува збор за заштита на заштитени области, истакна Богнер.
Тој посочи дека мора да се фокусираат на заштита на животната средина и самите пејзажи, а треба да се вклучат и во транзицијата на раководењето на шумите, особено во однос на градовите Гостивар и Тетово.

Богнер истакна дека ќе обезбедат поддршка на традиционалното земјоделството, а исто така ќе дадат поддршка на планинските села и за развој на екотуризмот.

– Особено ќе се погрижиме да дојде до соодветна рамнотежа помеѓу родовите. Знаеме дека ова е област каде што патријархалниот систем е многу поприсутен, меѓутоа мора да се менуваат работите со овие нови генерации особено кога станува збор за развој на туризмот, нагласи тој. Појасни дека нивната идеја е да воспостават пет работни групи со цел да бидат ефективни, односно научна, невладина, туристичка, група за шумите и локална група.

– Тие ќе се среќаваат на работни средби и ќе работат на оперативните програми. Ние ќе пристапиме до сите они кои сакат да бидат дел од работните групи и истите ќе ги организираме. Ќе има најмалку две рунди на средби, а потоа ќе ги собереме сите податоци. Ќе го изработиме планот за управување, а потоа ќе следат уште неколку средби за резимирање на самите заклучоци од планот. И сето тоа ќе се одвива во следните пет месеци, објасни Богнер.

Во однос на исходите и резултатите од процесот рече дека тоа е резиме на вредностите кои можат да се најдат во областа, оперативни програми, предлози за финансирање и управување за следење на природните вредности и предлози за меѓународна соработка.

– Во следните неколку месеци ќе ги собереме сите расположливи информации и ќе ги идентификуваме мисијата и целите за паркот. Во септември веќе ќе можеме да ги презентираме нацрт планот, а планираме да го финализираме до крајот на октомври, заклучи Богнер

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ