• Latest

Нуредини: Стимулираме инвестиции со конкретни мерки за демистифицирање на зеленото опоравување од кризата

June 18, 2021

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Стимулираме инвестиции со конкретни мерки за демистифицирање на зеленото опоравување од кризата

June 18, 2021 14:14
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Креираме и реализираме применливи зелени политики за да ја оствариме „Зелената агенда“ на Балканот како нов пристап за одржлив економски развој и обновување на природните еко-системи. Ја демистифицираме зелената економија со доближување до потрошувачот, стимулирање на приватните инвестиции со конкретни предложени мерки како енергетска ефикасност, соларна енергија, еко системски услуги и е-мобилност. Работиме на обезбедување праведна енергетска транзиција на економијата со креирање зелени работни места, системски планирана финансиска поддршка на екомските оператори и на индивидуалните домаќинства“, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на конференцијата „Зелен економски круг” во Виена.

Нуредини вчера настапи како главен говорник на конференцијата на која беа презентирани одржливи, иновативни и зелени политики, бизнис идеи, продукти и компании.

Во излагањето тој истакна дека имплементацијата на зелената агенда на Западен Балкан во Република Северна Македонија е јасна цел за нашата земја, и го презентираше планираното поврзување на националната климатска заложба со зелени мерки за опоравување од Ковид 19 кризата.

Пред претставниците на владите, деловните субјекти и финансиските институции, министерот ја претстави нашата креирана законска регулатива усогласена со потребите на сите засегнати страни, што ќе биде веднаш применлива, ќе отвара нови можности за развој и одржливо користење на природните ресурси.

На маргините на конференцијата, Нуредини оствари и средба со австрискиот федерален министер за дигитализација и економски прашања Маргарет Шрамбок, на која разговараа за можностите за продлабочување на економската соработка во остварувањето на зелената агенда со Австрија, како еден од главните инвестициски партнери на Република Северна Македонија.

Конференцијата „Зелен економски круг“ има за цел да презентира и промовира одржливи, иновативни и зелени деловни решенија, производи и компании, но и активности на креаторите на политиките и на граѓанските активисти со цел да ги поврзе и да ги охрабри за соработка во градењето на позелена економија во надминувањето на сегашната криза.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ