• Latest

НВО и медиумите бараат активна примена на Законот за слободен пристап до информации

December 19, 2017
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

НВО и медиумите бараат активна примена на Законот за слободен пристап до информации

December 19, 2017 12:56
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Менување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но и работа на активна транспарентност и негова примена, побараа медиумската заедница и граѓанските организации на денешната јавна дискусија за можни измени на Законот, во организација на министерствата за правда и за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија.
Конкретно медиумите и НВО секторот бараат намалување и усогласување на рокот на одговор од институциите, зголемување на капацитетите и ингеренциите за Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, одговорност за непостапување по барањата од администрацијата и зголемување на списокот на иматели на информации од јавен карактер.

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, рече дека информациите што ги има државата мора да станат јавно достапни и доколку се постигне тоа можеби  ќе нема потреба од овој Закон и ќе се користи само за одредени случаи.

„Законот е од 2006 година и оваа дебата е за тоа дали има потреба од интервенции во Законот. Да видиме дали е Законот проблем или неговата имплементација. Владата од изброт досега има наплив на барања и се соочуваме со големи бројки податоци што треба да го дадеме и мал број на луѓе ангажирани за тоа“, рече Поповски.

Посочи дека генералниот впечаток е дека Законот е добро поставен, но во реалноста слабо функционира и пристапот е отежнат, како и дека мора прецизно да се дефинира што е класифициран документ.

Поповски побара сите предлози да бидат доставени до 15 јануари до Министерството за правда за да бидат организирана работна група.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, рече дека годишно поднесуваат до 1.000 барања и одговорите за нивната организација се околу 70 проценти, процент што според нивните истражувања се намалува на 37,5 отсто доколку барањата се поднесени од новинари.

„Активната транспарентност е многу слаба и слабо се извршува. Минатата година изнесува само 45 проценти, а годинава 42 отсто. Потребно е намалување на рокот за одгово на 15 работни дена, да се зголемат ингеренциите на Комисијата за да води кривични постапки и одговорност за администрацијата“, рече Филков.

Според Тамара Чаушидис нема дилема дали е потребна измена на Законот.

„Убава е интенцијата за транспарентност на новата Влада, но таа се однесува на работата на претходната власт и не знаеме како ќе функционира во иднина“, рече Чаушидис.

Посочи дека е неопходно партиите и верските организации да бидат опфатени со законот како иматели на информации од јавен карактер.

Александра Бујаровска од Здружението „Фронт“ посочи дека брзото добивање на информации е круцијално за соодветно учество на НВО во работата на институциите, и како што рече, поради тоа е неопходно усогласување на роковите за жалба по некоја одлука со рокот за добивање на информации од јавен карактер.

Новинарот Саше Димовски, побара да се предвиди што може судот да објави како информации од јавен карактер во однос на некои судски постапки и да се предвиди меритарно одлучување на управниот суд, со што, како што рече, ќе се добие неизвршување на судски одлуки од страна на имателите на информации од јавен карактер.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: МедиумиНВОРоберт ПоповскиСлободен пристап до информации од јавен карактер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ