пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Не е прв Албин Курти кој доцна сфатил дека обединувањето на двете земји (Косово и Албанија) да ти била комплицирана работа.
Тука, во РСМ, многу порано од Курти имавме „лидери“ кои обединувањето на Албанците со Албанија го имале како идеал уште како деца, а подоцна, кога пораснале, сфатиле дека обединувањето да ти било невозможно. Открија, исто така, дека заедничката власт дава можност политичарите да делуваат според начелото „кога си на власт, има пари“ и дека „доколку не ги земеш ти, ги зема некој друг“.
Држејќи се за ова начело и заборавајќи го идеалот од детството, овие „лидери“ Македонија ја претворија, како што констатираше и ЕУ, во заробена држава и ја втурнаа во толку длабока криза од која ниту со помош на ЕУ и САД сѐ уште не може да излезе.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.