• Latest

Обезбедено мнозинство за Џафери повторно да биде претседател на Собранието, опозицијата против и бојкотира…

August 21, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Обезбедено мнозинство за Џафери повторно да биде претседател на Собранието, опозицијата против и бојкотира…

August 21, 2020 16:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Обезбедени се 62 потписи за Џафери повторно да биде претседател на Собранието 

Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница сo претрес за предлогот за претседател на законодавниот дом повторно да биде избран Талат Џафери. Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во дебатата се изјаснија дека ќе гласаат против предлогот, а пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија дека нема да присуствуваат на гласањето.

Пратениците во моментов се на едночасовна пауза, а седницата ќе продолжи во 16 часот.

Бројот на потписите собрани за предлогот на Џафери укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и ДУИ за формирање на владина коалиција. Претседателот на Собранието се избира со 61 глас „за“.

Предлогот за претседател на Собранието го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот. Тој, според Меџити, успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Во рамките на Форумот за граѓанско учество во креирање на владините политики, ЦИВИЛ Медиа разговараше со активистката Мерсиха Смаиловиќ на тема национализам. Смаиловиќ се осврна на неколку аспекти на доживувањето на национализмот, и укажа на неколку штетни практики во политиката, но и во општеството што се однесува до поттикнување на национализмот.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со заменик директорот на Јавното Сообраќајно Претпријатие, Блерим Исмаили, за улогата на јавниот превоз за зачувување на животната средина застапувањето на зелените вредности од ова јавно претпријатие. Исмаили се осврна на новите 33 еко автобуси коишто ги  исполнуваат највисоките технолошки стандарди и  кои беа пуштени во употреба минатиот месец.

Опструкции во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ: Колку пари земате, што е Дерала, Tорбеш или Шиптар, да не си се вратил повеќе, партиска организација…

Во текот на изборниот ден 15 јули 2020 година, на вонредните парламентарни избори набљудувачите на ЦИВИЛ беа застапени во сите шест изборни единици во Северна Македонија.

Загрижувачки се податоците од мониторингот на ЦИВИЛ во кој се нотирани многу опструкции кон набљудувачите на оваа граѓанска организација, додека ги извршувале своите задолженија.

Нападите, репресиите и заканите најчесто доаѓаат од набљудувачи на политички партии, најчесто од ВМРО-ДПМНЕ, поретко од СДСМ, од страна на изборната администрација, од гласачи, но и од полицијата.

Бркање од гласачко место, навреди кон претседателот на ЦИВИЛ, квалификации за тоа дали организацијата е партиска или не, дофрлувања за висина на надоместокот, дрскост и одбивност се најчестите притисоци и опструкции кои се забележани во мониторингот на ЦИВИЛ за текот на изборниот ден.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, продолжува на 26 август, откако на денешното рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази.

Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат за најдобра имплементација на моделот за организирање и спроведување на наставата во основното и средното образование во услови на Ковид-19.

Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес-конференција пред седиштето на партијата, од која бараат оставка од Христијан Мицкоски, и свикување на вонреден конгрес за избор на нов претседател.

За првпат во историјата на земјата, Северна Македонија треба да добие премиер Албанец. Тоа е највпечатливиот исход од коалициските преговори во балканската земја, која е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, и ги надминува внатрешните дневнополитички случувања, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг во денешната анализа за постизборните превирања во Северна Македонија во текст под наслов „Мултиетнички грабежи“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„За министерот за финансии, колку што е нужен професионалниот капацитет, што Фатмир Бесими без сомнение го поседува, исто толку, може би и повеќе од било кој друг, потребни се и морален и политички интегритет и храброст. Меѓутоа, не само од некои објавени разговори, произлегува дека на Фатмир овие особини му недостасуваат“, поентира Џевдет Хајредини.
Д. Муратов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ