• Latest

Објавена Стратегијата на Обединетото Кралство за достигнување нулта емисии

October 21, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Објавена Стратегијата на Обединетото Кралство за достигнување нулта емисии

October 21, 2021 15:26
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Обединетото Кралство ја објави Стратегијата за нулта емисии, со која се утврдува како ќе достигне нулта емисии на штетни гасови до 2050 година, а притоа ќе обезбеди 440.000 добро платени работни места и инвестиции од 90 милијарди фунти во 2030 година.

Како што соопштија од Британската Амбасада, Стратегијата ќе помогне и во намалувањето на зависноста на Обединетото Кралство од увезените фосилни горива, а ќе ги заштити потрошувачите од глобалните скокови на цените со зголемување на чистата енергија.

Инаку, сето ова е во пресрет на подготовките на Обединетото Кралство да биде домаќин на Самитот на ОН COP26 следната недела, каде што премиерот ќе ги повика и другите светски економии да изготват сопствени национални планови за намалување на емисиите.

-Врз основа на Планот од 10 точки на премиерот, денешната стратегија за нулта емисии на Обединетото Кралство поставува сеопфатен економски план за тоа како британските бизниси и потрошувачи ќе бидат поддржани во транзицијата кон чиста енергија и зелена технологија-намалување на британската зависност од фосилни горива преку инвестирање во одржлива и чиста енергија во Обединетото Кралство, намалување на ризикот од високи и нестабилни цени во иднина и зајакнување на нашата енергетска безбедност, соопштија од Британската амбасада.

По објавувањето на Стратегијата за нето емисии, истата е доставена до Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) како втора долгорочна стратегија за развој на ниско ниво на гасови со ефект на стаклена градина во Обединетото Кралство според Парискиот договор.

-Со преземените обврски ќе се одвојат до 90 милијарди фунти приватни инвестиции до 2030 година и ќе се поддржат 440.000 добро платени работни места во зелените индустрии во 2030 година. На овој начин ќе  им се гарантира не бизнисите кои ќе го поддржат Обединетото Кралство дека ќе предничат во поглед на најновите технологии за ниско ниво на јаглерод – од топлински пумпи до електрични возила – и во развој на просперитетна зелена индустрија во нашите индустриски средини – од издвојување на јаглеродот до водород, поддржано со новиот начин на финансирање, велат од Британската Амбасада во Скопје.

Оттаму посочуваат дека како дел од стратегијата, новата инвестиција објавена денеска вклучува и дополнителни 350 милиони фунти од нивната заложба до милијарда фунти за поддршка на електрификација на возилата во Обединетото Кралство и нивните ланци за снабдување, и уште 620 милиони фунти за целни грантови и инфраструктура за електрични возила, особено локални улични пунктови за станбени населби, со планови за вклучување на илјадници автомобили и комбиња со нулта емисија на штетни гасови на патишта во Обединетото Кралство преку мандат за возила со нулта емисија на штетни гасови.

Исто така, Обединетото Кралство ќе работи и на почнување на комерцијализацијата на одржливото воздухопловно гориво (SAF) направено од одржливи материјали како што се секојдневниот отпад од домаќинствата, димните гасови од индустријата, издвоениот јаглерод од атмосферата и вишокот електрична енергија, кои произведуваат над 70 отсто помалку емисии на јаглерод од традиционалното авионско гориво врз основа на животниот циклус.

-Политиките и трошоците изнесени во Стратегијата за нулта емисии значат дека од Планот во десет точки, ние мобилизиравме 26 милијарди фунти владини капитални инвестиции за зелената индустриска револуција. Исто така, повеќе од 5,8 милијарди фунти странски инвестиции во зелени проекти беа обезбедени од започнувањето на Планот во десет точки, заедно со најмалку 56.000 работни места во чистите индустрии во Обединетото Кралство – и уште осумнаесет зделки беа поставени на Глобалниот инвестициски самит за поддршка на растот во виталните сектори како што се енергијата од ветерот и водородот, одржливите домови и издвојувањето и складирањето на јаглеродот, соопштија од Британската амбасада.

Оттаму посочуваат дека преку мерките за енергетска ефикасност, падот на трошоците за обновливите извори исто така значат дека сметките за енергија на луѓето ќе бидат пониски до 2024 година во споредба со сметките кои би ги плаќале доколку не било преземено ништо особено во време кога растат цените на горивото.

Според амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј, Стратегијата на Обединетото Кралство за нулта емисијата дава пример за другите земји за зелена реконструкција во битката која ја водат кон постигнување на нулта емисии.

-Ги поддржавме институциите во Северна Македонија во развивањето на Националната стратегија за енергија и планот за нејзината имплементација, кој го одредува националниот пат за транзиција кон зелена енергија. Ќе продолжиме да работиме заедно кон одржлив развој и зголемена транзиција кон производство на зелена енергија, истакна Галовеј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ