• Latest
ФОТО/ скриншот

ОБСЕ-ОДИХР: Изборите беа слободни, конкурентни, ама недоволно регулирани

May 9, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ОБСЕ-ОДИХР: Изборите беа слободни, конкурентни, ама недоволно регулирани

May 9, 2024 17:46
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
ФОТО/ скриншот

ФОТО/ скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ-ОДИХР оцени дека процесот на гласање е спроведен на мирен и демократски начин. Според меѓународната набљудувачка мисија, на претседателските и парламентарните избори се гласаше во конструктивна атмосфера и покрај фрагментираната и силната поларизација на политичките партии. Претставниците на ОБСЕ-ОДИХР истакнаа дека од 430 меѓународни набљудувачи кои биле ангажирани во овој период во земјава, откриле и помали неправилности во непочитување на процедурите од страна на членовите на избирачките одбори во избирачките места на ниво на држава.

„Претседателските и парламентарните избори беа конкурентни, иако процесот останува недоволно регулиран. Правната рамка обезбеди многу можности за слободни избори, но има пропусти, кои ја нарушуваат правната стабилност. Во предизборниот период имаше зголемување на непријателската и националистичка реторика, која остава дамка на општиот изборен процес. Нарушена е и законската рамка за финансиски надзор на предизборната кампања со минимално поднесување извештаи од страна на партиите. Приговорите за време на изборите не беа соодветно процесуирани ниту од ДИК, ниту од Управниот суд“, изјави Николоз Самхарадзе, ОБСЕ.

Од друга страна шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Џилјиан Стирк истакна дека изборниот законик неодамна беше изменет во недоволно транспарентна забрзана постапка и без консултации со јавноста што не е во согласност со меѓународните стандарди и заложбите на ОБСЕ.

„Иако во измените беа вклучени некои од претходните препораки на ОДИХР, и технички предлози на ДИК, тие во голема мера не ги зедоа во предвид препораките на меѓуагенциската работна група задолжена за изборните реформи. Голем број на клучни препораки на ОДИХР и на Венецијанската комисија при Советот на Европа, останаа нерешени вклучувајќи ги и оние за системско ревидирање на Изборниот законик, за обезбедување еднаков пристап до медиумите во изборните кампањи и за зголемување на отчетноста и интегритетот на финансирањето на кампањата“, истакна Стирк.

Таа нагласи дека опсежното и плуралистичко покривање на кампањата во медиумите им даде можност на гласачите да направат информиран избор, но негативната реторика и националистичките слогани го нарушиле инаку стабилниот предизборен период. Во контекст на родовата рамноправност во извештајот се нагласува дека со забележителниот исклучок на една жена претседателски кандидат во вториот круг во кампањата, генерално биле вклучени малку жени политичарки.

Северна Македонија сеуште не спровела бројни препораки на Веценијанската комисија и ОДИХР, а многу државјани кои што живеат во странтво не можеа да гласат во странство, рече Алфред Хиер, раководител на делегацијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа.

„40 посто излезност потребна за претседателски избори бара реформа за да се ибегне застој, кој што овој пат беше избегнат затоашто беа организирани заедно со парламентарните избори“ истакна Хиер.

Шефот на делегацијата на ПС на ОБСЕ Карина Одебринк рече дека изборите беа компететивни и ги почитуваа основните слободи, но истакна дека  неколку прашања бараат поголемо внимание и се дел од набљудувањето и заклучоците во текот на мониторингот.

„Пред изборниот период и самиот ден на изборите беше стабилен, меѓутоа врз нив се фрли сенка на дискриминаторската реторика, етничка и политичка поделеност во медиумите. Исто така, реториката чија што цел е малите етнички заедници. Ги потикнувам граѓаните на Северна Македонија да ги надминат овие поделби промовирајќи ги дијалогот и разбирањето преку негување на посебно чуство на припадност и инклузивнот меѓу сите етнички групи во Северна Македонија, за да се унапреди демократскиот процес“, рече таа.

Учесниците во Меѓународната набљудувачка мисија набљудувале вкупно 1340 избирачки места при што позитивно ги оцениле процедурите за гласање во огромно мнозинство од нив. Сепак се посочува биле забележани некои случаи на групно и семејно гласање.

Меѓународната набљудувачка мисија на денот на изборите имала распоредено 344 набљудувачи од 42 земји. Во мисијата беа вклучени претствници од ОБСЕ/ОДИХР, од Парламентарното собрание на ОБСЕ, од Парламентарното собрание на Советот на Европа и од Европскиот парламент. На самиот ден на изборите биле набљудувани 123 избирачки места, а гласањето на 1340 избирачки места. Пребројувањето пак, било набљудувано на 106 избирачки места, а сумирањето на гласовите во 66 општински изборни комисии.

И ЦИВИЛ – Центар за слобода, како и секој изборен циклус така и овие претседателски и парламентарни избори, ги мониторираше со 80 набљудувачи, а во текот на изборниот денот одржаа осум прес конференции на македонски и албански јазик.

Назми Абдурахмани

 

 

Tags: ОБСЕ ОДИХРпарламентарни избориПретседателски избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ