Како што е наведено во соопштението на Уставен суд, на работилницата биле разработени формите и основите на дискриминација, а спроведени се и вежби за препознавање на различен третман, недостаток на објективно и оправдано оправдување, товар на докажување во случаи на дискриминација, говор на омраза.
Настанот е реализиран со цел за јакнување на вештините на стручната служба на Уставниот суд преку практични примери од областа на човековите слободи и права. Обуките ги спроведоа адвокатите Ана Медарска Лазова и Христијан Конески ангажирани во Секретаријатот на Европскиот суд за човекови права.
Извор: МИА Фото