ВЕСТ НА ДЕНОТ: Покренато обвинение против Силвана Бонева за незаконски патни трошоци
Поранешна пратеничка од Струмица е обвинета за продолжено кривично дело Измама во службата, случај во рамки на предметот „Друмарина“ што го водеше поранешното СЈО. Таа се товари дека од 2011 до 2015 година до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари.
-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот законик. Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“ за кој истражната постапка ја водеше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, соопшти Јавното обвинителство.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
(продолжение од 1 дел)
Црната пропаганда и „бомбите“ „носители“ во кампања, резултат: помалку гласачи
Како важен „столб“ на црната кампања на овие избори несомнено треба да се истакнат и снимките од прислушувани разговори за повеќе субјекти што се натпреваруваат на изборите. Секојдневно, јавноста се „бомбардира“ со снимени разговори на една, друга или трета страна, лидер, политичар во изборната трка, а снимките се без јавен извор и „автор“. Индикативно е и тоа што речиси веднаш откако беа објавувани, најчесто се споделуваа од неколку портали одеднаш, со речиси идентични наслови, реченични конструкции и „дообјаснувања“ на содржината.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерство за труд и социјална политика до Владата ќе достави нов предлог закон за спречување и заштита од дискриминација, во речиси идентична форма во која беше усвоен во претходниот парламентарен состав, а беше укинат во мај од Уставниот суд поради донесувањето без потребното мнозинство од 61 пратеник.
Во моментов на сила е одлуката за ослободување од работа на родители на деца до 6-годишна возраст или претшколски деца. Родителите на деца од 6 до 10 години, кои претходно, исто така, беа ослободени се вратени на работа по 8 јули кога беше донесена новата одлука, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
До 10 септември општините, како основачи на училиштата, треба да одговорат до Министерството за образование и наука за моделот на настава во нивните училишта и да аплицираат за физичко присуство, а МОН и владината комисија ќе им даваат одобренија ако се исполнети условите. Тие што немаат услови, ќе организираат онлајн-настава.
Вицепремиерoт за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешниот прв официјален состанок со Државната комисија за спречување на корупција разговараа за идната соработка во делот на откривање и спречување на корупција и воведувањето на механизми за непречено функционирање на ДКСК, како институција која има исклучително значење.
СЛОБОДНА ЗОНА
Џабир Дерала во текстот „Инстаграм „херојот“ Вучиќ тврди дека нема да се предаде, иако никој тоа не го бара од него“, пишува: „Српските политичари, откако се сликаа насмеани со американските посредници во српско-косовските преговори, излегоа пред медиумите велејќи дека притисокот врз нив бил силен и агресивен, но дека тие „нема да се предадат“, дека „се борат“ и слични типично балкански изјави на „херојство“…
Зоран Заев повлече нога. Балканот се стабилизира. Извесно е дека ќе дојде до нормализација, а можеби и до меѓусебно признавање на Косово и Србија. Ако не во Вашингтон, тогаш во Брисел, каде што се селат преговорите на 7 септември. Аирлија“!
Д. Муратов