Денеска беше пуштен од притвор прво-обвинетиот за убиството на малиот Алмир Алиу, Бојан Илиќ.
По излегувањето од судницата со голема насмевка на лицето, тој покажа среден прст кон фамилија на Алмир, која беше присутна пред судот, а потоа насмеано и весело си отиде.
Тој беше ослободен откако обвинителот во случајот побара преквалификација на делото од „Убиство“ во „Сообраќајна несреќа со смртни последици“.
Се поставува прашањето, дали ако не сакајќи учествувате во сообраќајна несреќа со смртни последици, сторителот би покажал среден прст кон фамилијата на детето кое загинало во таа трагедија?
Ермин Климента