• Latest

МВР: Обврските од Планот 3-6-9 исполнети до крај

September 1, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВР: Обврските од Планот 3-6-9 исполнети до крај

September 1, 2017 13:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МВР соопшти дека обврските на  министерсвото во рамки на Планот 3-6-9 се исполнети до крај. Еден од приоритетите на МВР се однесува и на реформата на разузнавачките служби која делумно е спроведена, односно од предвидените шест мерки, три се целосно исполнети, а три се во напредна фаза и ќе бидат завршени во предвидениот рок.

Започнувањето на инклузивна дискусија во Собранието за избор на моделот за реформа на системот на следење на комуникациите е мерка што е завршена и го обврзува директорот на УБК редовно да учествува на седниците на надзорните тела во Собранието, а се очекува и сеопфатна дебата на оваа тема.

Што се однесува, пак, до одделот за организиран криминал, борбата е насочена кон  започнување со реформи на одделението за борба против корупција во МВР, зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓуинституционална работна група со цел зајакнување на капацитетот и експертизата за спроведување на истраги и конфискација на имот на посистематска основа и овозможување опрема/пристап и потребен персонал за спроведување на следење на комуникации на Царинската Управа и Финансиската полиција, зависно од моделот кој ќе биде избран за реформа на разузнавачките служби.

Во делот миграции веќе е завршено формирање на преговарачки тим, усвојување на преговарачки позиции и започнувањето преговори за Статусниот договор со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, иницирање технички состаноци со ЕК за усогласување на националниот систем со релеватните барања на ЕУ и Шенген правилата, формирање специјална единица (task force) за борба против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, составена од претставници од Основно јавно обвинителство за борба против организиран криминал и корупција и МВР, како и ревидирање на Законот за азил и времена заштита согласно препораките на експертот на ЕК.

„Следејќи ги приоритетите на Владата на Република Македонија за отпочување на реформскиот процес кој ќе овозможи зајакнување на капацитетите на институциите, враќање на демократските вредности и нивно доследно почитување, отворена соработка со граѓанското општество, Министерството за внатрешни работи ја изрази својата подготвеност за активно вклучување во планирање и спроведување на неопходните реформи“, се вели во соопштението на МВР.

 

Tags: МВРПлан 3-6-9соопштение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ