• Latest

Охрид: Напуштање на налудничавите идеи за хотелски ресорти во Градиште и Љубаништа!

August 3, 2017

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Охрид: Напуштање на налудничавите идеи за хотелски ресорти во Градиште и Љубаништа!

August 3, 2017 15:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Група револтирани граѓани од Лагадин, но и од останатите населени места од Охрид и крајбрежјето, за утре (петок, 4 август) најавија протест за одбрана на Лагадин и Охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација.

Протестот е закажан за напладне, пред градилиштето на спорниот хотел, што со денови е топ-тема на социјалните мрежи и во дел од медиумите, во населбата и во непосредна близина на планираната локација за спорната „Медитеранска плажа“.

Целта на протестот е привлекување на вниманието на институциите и на пошироката јавност кон сите обиди за уништување на крајбрежјето, Езерото и Националниот парк „Галичица“, кои најчесто се прават под превезот на развој и унапредување на туризмот.

Драгана Велковска од здружението „Охрид СОС“ за ЦИВИЛ Медиа изјави дека иако здружението не е дел од организацијата на протестот, тие безрезервно го поддржуваат. „Ги поддржуваме граѓаните, пред сè, затоа што тие веќе немаат никаква можност и механизам за комуникација со локалната власт, затоа што им ја укинаа и затворија и месната заедница“, вели Велковска.

„Ги повикуваме сите оние кои не се согласуваат со урбаното, еколошко, звучно и секакво друго насилство врз Охридскиот регион, да дојдат, и заедно со нас, преку еден симболичен чин, гласно да ги повикаат добрите духови на езерото и планината, во одбрана на автентичното, природно, културно и амбиентално богатство на Охрид и крајбрежјето“, велат граѓаните-иницијатори на протестот во своето соопштение.

„Преку овој протест, бараме неотповикливо поништување на дозволата за изградба на спорниот хотел и негово уривање, повлекување на плановите за ‘Медитеранска плажа’, да се заборави еднаш – засекогаш лудата идеја за хотелски ресорти во Градиште и во Љубаништа и за експресен пат на Галичица. Бараме прогласување на мораториум на градењето на објекти од цврста градба долж крајбрежјето, до целосното преиспитување на досегашната стратегија, заснована на идејата за негова хиперурбанизација и хиперурбанизиран масовен туризам, и донесувањето на нова стратегија за одржлив развој. Оваа стратегија ќе овозможи трајна заштита на пејзажните и амбиентални вредности на Охридскиот регион, во прв ред, преку оневозможување на неговото натамошно затрупување со нови објекти од цврста градба и отстранување на започнатите, веќе оспорени градби, а потоа, и преку развивање на концептите за развој на алтернативниот туризам и еколошки заснован јавен транспорт“, решителни се граѓаните, во својот повик за мирен протест за трајна заштита на Охридскиот регион.

Маја Ивановска

Tags: „Медитеранска плажа“ГаличицаГрадиштедива урбанизацијакрајбрежјеЛагадинЉубаништаОхридПротестхотелски ресорти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ