• Latest

Од каде доаѓале милионите за рушење на Преспанскиот договор?

February 10, 2020

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Од каде доаѓале милионите за рушење на Преспанскиот договор?

Податоците покажуваат дека преку Словенија биле испраќани сомнителни унгарски пари во Македонија. Тоа го искористија унгарските сопственици на медиуми од кругот на словенечката СДС за да купуваат и финансираат медиуми што ги фаворизираат ВМРО-ДПМНЕ. Всушност, станува збор за финансирање на политичка активност во Македонија, пишува „necenzurirano.si“

February 10, 2020 13:06
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку четири милиони евра, од август 2018 година за финансирање на медиуми од калибарот на словенечката десница SDS и за политичко-разузнавачко-медиумската операција насочена кон уривање на влезот на Северна Македонија во НАТО, дошле во Словенија од сметките и компаниите на членови од тесниот круг на Виктор Орбан, отворени во Лондон, пишува necenzurirano.si.

Словенечкиот портал објави дека во нивната редакција добиле документи, податоци и информации од повеќе земји. Од тие документи, како што пишува порталот, се гледа дека најмалку три компании, тесно поврзани со унгарската владејачка партија Фидес, оствариле најмалку четири милиони евра во една фаза од работењето од август во 2018 година од кои – 1,5 милиони евра дознаки од унгарски извори остануваат во Словенија, а преостанатите 2,5 милиони евра заминале во Македонија.

Дознаките од странство докажуваат дека највисокото политичко раководство на словенечко СДС е вклучено во финансирањето на медиумите од кругот на СДС од минатата година, а не само од индивидуалните унгарски претприемачи, како што се тврдеше досега. Тие исто така отвораат сомневања дека станува збор за операција за која дел од парите дошле од руски извори.

Словенечкиот necenzurirano.si ја прикажува следната шема за тоа како се распоредувале парите од Орбан во Словенија и во Македонија:

фото: necenzurirano.si

Податоците покажуваат дека преку Словенија биле испраќани сомнителни унгарски пари во Македонија. Тоа го искористија унгарските сопственици на медиуми од кругот на словенечката СДС за да купуваат и финансираат медиуми што ги фаворизираат ВМРО-ДПМНЕ. Всушност, станува збор за финансирање на политичка активност во Македонија, пишува „necenzurirano.si“.

Дел од парите се префрлени во Словенија од унгарската инженерска фирма „Белфри“, еден од најголемите реклматори на унгарската Нова24ТВ. Еден од најважните партнери на оваа компанија е унгарската енергетска компанија МВМ, која е сопственик на нуклеарната централа „Пакс“ во Унгарија. Таму руската државна „Росатом“ гради два нови блока во вредност од 12 милијарди евра од 2014 година.

Изградбата на нуклеарниот објект, владата на Орбан ја довери во 2014 година на Русите без јавен тендер. Со години, Орбан се смета за најголем сојузник на Русија од страна на претседателот Владимир Путин во ЕУ. Тој остро го критикуваше наметнувањето санкции кон Русија за анексија на полуостровот Крим. Во Северна Македонија, нивните интереси се исти, бидејќи обајцата ја поддржуваат тамошната десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ. Уште во 2017 година, Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (OCCRP) известуваше за активностите на руските разузнавачки агенции во ширењето на антизападната пропаганда во Северна Македонија.

Унгарците на Орбан го зајакнаа својот финансиски влог во Македонија во пролетта во 2018 година, кога премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас преговараа за договор за преименување на земјата во Северна Македонија. Договорот беше потпишан во јуни во 2018 година што беше услов за пристапување на земјата во НАТО. Во тоа време, Македонија беше под притисок на протестите на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаа да го соборат Заев поради договорот. Според извори на „нецензурирано“, унгарските дознаки повторно се интензивираат со наближувањето на изборите закажани за 12 април. Трансакциите повторно се одвиваат преку Словенија.

Влезна точка за приливите на официјално унгарските пари во Словенија беше компанијата R-Post-R, која е сопственик на издавачот на Демократија, партискиот весник на SDS. Тој е во сопственост на унгарскиот државјанин Питер Шац, претседател на управниот одбор на Новa24ТВ и ги завршува сите трансакции преку сметка отворена со „Уникредит Словенија“.

Ова не се единствените унгарски пари што дошле во Словенија од Велика Британија. Минатата година во Лондон започна со работа друга компанија, V4NA, која префрлува пари на сметката на Шац во Словенија.

Директор на В4НА е Балаз Медвески, директор на програмата во унгарската национална телевизија МТВА. Првичниот основач беше Кристоф Шалај-Бобровнички, унгарскиот амбасадор во Велика Британија. Последователно, во ко-сопственост на компанијата влезе и Дунав Бизнис Консалтинг, сопственост на Арпад Хабони, долгогодишен клучен советник на Орбан и унгарската државна холдинг компанија KESMA, која собира повеќе од 500 унгарски медиуми.

Зошто на Орбан му е потребна Словенија?

Зошто на Унгарците им требаше заобиколување преку Словенија и Велика Британија за финансирање на операцијата во Северна Македонија? Постојат неколку можни причини. Покрај финансирањето на политичките и медиумските активности на SDS, тие го прикрија и изворот на парите што доаѓаат во Словенија, а потоа и во Северна Македонија.

Орбан никогаш не криел за кого му чука срцето во Скопје. Во време кога унгарските соработници на SDS купувааt медиуми во Северна Македонија, Орбан јавно ги пофали „мудрите и храбри лидери на ВМРО-ДПМНЕ“. „Тие нема да го оспорат притисокот на странските сили“, зборуваше Орбан.

Несомнено е дека со „странските сили“ тој мислел на огромното мнозинство на земјите од ЕУ и НАТО. Ако во наредните денови Јанез Јанша треба да формира влада, Орбан ќе добие близок сојузник во Словенија, кој не само што го контролира политички, туку и финансиски. Значи, чие добро ќе биде Јанша? На ова прашање нема потреба од одговор.

извор: Frontline.mk

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ