• Latest

Од мониторингот на референдумот: Набљудувачи – агитатори

October 22, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од мониторингот на референдумот: Набљудувачи – агитатори

October 22, 2018 10:28
in ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ продолжува да објавува делови од извештајот од мониторингот на Референдумот кој се одржа на 30 септември кога гласачите одлучуваа „за“ или „против“ прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција. Во овој прилог, се осврнуваме на категоријата „Набљудувачи“ кои, исто така, беа во фокусот на вниманието на ЦИВИЛ. 

Ангела Петровска

Вкупната бројка на домашните набљудувачи изнесуваше 12. 897, од 10 здруженија, а од странските, имаше вкупно 492 набљудувачи од 23 организации, меѓу кои најбројна, како и вообичаено беше мисијата на ОДИР со 326 набљудувачи. Меѓу странските невладини организации, забележитално е и акредитирањето на Светски Македонски Конгрес конгрес со 167 акредитирани набљудувачи. Вкупно 118 новинарки и новинари од 46 медиуми од регионот и од светот побараа акредитација од Државната изборна комисија, додека десетици други тоа не го сторија, но непречено ја вршеа својата новинарска работа во текот на целиот процес.

На табелата на домашните набљудувачи се најдоа веќе познати организации кои набљудувале и низа години претходно, како ЦИВИЛ и МОСТ, но се појавија и неколку нови „играчи“ во мониторингот. Така, за прв пат, се појави Здружението за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ со фантастична бројка од 5,574 акредитирани набљудувачи, а не мала бројка прикажа и Сојузот на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштија“ – МППС со 4.705 акредитирани набљудувачи. Здружението ДСП Ленка акредитира 129 набљудувачи, а Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК – СОНЦЕ имаше 119 набљудувачи. МОСТ го набљудуваше процесот со 1.902 набљудувачи.

Во продолжение, ЦИВИЛ објавува наоди од мониторингот на мобилните набљудувачи со фокус на работата на набљудувачите.

Меѓу пријавите од набљудувачите на ЦИВИЛ, во текот на референдумскиот ден, покрај нерегуларностите поврзани со избирачкиот одбор и изборниот материјал, партиските иницијативи, се најдоа и голем број на нерегуларности токму од набљудувачите.

Во многу случаи, од извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ можат да се забележат различни примери на нерегуларности, како непоседување беџови за идентификација и овластувања од Државната изборна комисија, а во десетина нотирани случаи, набљудувачите и не знаеле од кое здружение доаѓаат.

На самиот ден на референдумот, на 30 септември, нашите набљудувачи од општина Бутел сведочеле на едно крајно неумесно однесување на акредитиран набљудувач од одредена невладина организација. Според извештајот, се работи за ситуација во која еден повозрасен гласач љубезно прашал каде се наоѓа одредено избирачко место. Одговорот на набљудувачот бил „Оди прашај си го Заев каде е тоа… Гласај на гробишта…“, а потоа уследиле непристојни зборови. ЦИВИЛ веднаш реагираше со повторен апел набљудувачите да бидат пристојни и строго да се придружуваат кон Изборниот законик и Кодексот за набљудување.

На избирачкото место 2176, во Биро за вработување, во Велес, набљудувач на Здружение за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ се појавил пијан на ИМ и им додевал на гласачите, набљудувачите и избирачкиот одбор.

Набљудувачка од општина Аеродром до ЦИВИЛ пријави дека во детската градинка „Буба Мара“, во ИМ 2723, набљудувач што се претставил дека доаѓа од Собрание на Република Македонија, ширел проганда и развивал дискусија со избирачкиот одбор како ќе се продавало името.

Во Демир Хисар, село Слепче, ИМ 635, набљудувач седел со список пред ИМ и ги забележувал избирачите. На местото присуствувал и полицаец, кој според нашиот набљудувач, не реагирал на случајот. Набљудувачот ги прашувал граѓаните дали и како гласале.

Во Аеродром, во градинката Пчела, од набљудувачи на ЦИВИЛ стигна пријава дека набљудувачи агитирале и ги прашувале минувачите дали гласале.

Домашен набљудувач, за кој не можело да се утврди од која организација доаѓа, сликал во ИМ 2479 во О.У. „Григор Прличев“, во Гази Баба.

Во Струмица, во О.У. „Маршал Тито“, граѓанин со автомобил носел гласачи и влегувал со нив во ИМ, каде им сугерирал како да гласаат, а бил обележан како набљудувач.

Во Пробиштип, во ИМ 1540, набљудувач агитирал, непристојно се однесувал во и надвор од избирачкото место.

За време на броењето на гласови во Пробиштип, на ИМ 1533, набљудувач разговарал по телефон.

До ЦИВИЛ стигнаа и неколку пријави дека имињата и презимињата на гласачите кои доаѓаат да гласаат се читаат на глас и се запишуваат од страна на другите набљудувачи.

Па така, во Битола, на ИМ 192, набљудувач гласно го изговорил повеќе пати името на гласачот.

Во Кичево, на ИМ 735, во О.У. „Санде Штерјоски“, набљудувачка јасно го искажувала својот политички став и самата си кажувала дека им се јавувала на членови на нејзината партија да излезат да гласаат. Притоа, ја прашувала нашата набљудувачка од која партија е таа и нејзиното семејство, што е сосема незаконски.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го набљудуваше процесот долгорочно со над 30 мобилни и регионални набљудувачи, а денот на гласањето го набљудуваше во стандарден обем – со 307 мобилни набљудувачи.

На овој изборен процес ЦИВИЛ бележи највисока бројка од набљудувачи кои дејствуваат спротивно на Кодексот за набљудување и на Изборниот законик.

Tags: гласањеДоговор со Грцијанабљудувачинеправилностиреферендум
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ