• Latest

Од „новогодишната кошничка“ задоволни само трговците

December 24, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Од „новогодишната кошничка“ задоволни само трговците

December 24, 2024 12:56
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок. Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62.861 денари, што е зголемување за 840 денари во споредба со претходниот месец. Ова значи дека веќе ниту две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните потреби на луѓето, велат од СДСМ.

Од таму додаат дека граѓаните немаат никаква корист од мерките на власта. Кошничките се измама и манипулација. Власта им дозволи на трговците да се богатат на грбот на народот.

„Со ДПМНЕ на власт, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, осиромашуваат и секој месец се борат да го преживеат. Мицкоски и ДПМНЕ потфрлија во најважниот сегмент – економијата и животниот стандард на граѓаните. Наместо да работат за подобрување на животот на граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ одбиваат да прифатат зголемување на минималната плата и го отфрлаат предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храна“, велат од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

„На седница на Влада ќе побарам робусна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно… Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат. Ова не е коректно и денеска од страна на министерот за економија и труд ќе побарам вонредна инспекција и ова девијатно однесување да престане“, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на спортска сала во населено место Црешово во општина Гази Баба.

Со мерката „Новогодишна кошничка“, која важи до 15 јануари, се опфатени повеќе од илјада производи. Беше направена во соработка со трговските и производителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници. Надлежните очекуваа намалување на прехранбените производи за околу 10 проценти, но граѓаните се жалат дека не се забележува некое поголемо намалување на цените и дека се зголемени цените на основните прехранбени производи како брашното, зејтинот, јајцата…

Во однос на 250-те милиони евра од првата трашна од унгарскиот кредит кои се наменети за бизнис секторот, Мицкоски рече дека има административни процедури што треба да се завршат и очекува во јануари овие средства да бидат оперативни.

– Во Парламентот треба да помине закон којшто не сакаме да го ставаме на брза лента, туку да помине во редовна процедура, рече Мицкоски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ