• Latest

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026 13:19
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма (2025-2026) („lu-ping“) на Зоран Иванов, еден од бардовите на македонското новинарство, објави Слободен печат.

Приредувач, редактор и издавач и на оваа книга, како и на претходните „Амбиент“ е Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист.

Осмата книга на „Амбиент“ фактички е природно продолжение на претходната седма книга, која беше објавена точно пред една година, или поточно континуитет на, како што вели самиот автор, „неговите континуитети од неговиот „Амбиент“ број 1 до овој „Амбиент“ број 8“. Серијалот „Амбиент“ започна со книга прва (1990-1994) и книга втора (1995-1997), објавени во 1999 година.

Серијалот „Амбиент“, што го реализира Стаменов во изминативе дваесетина години, несомнено е своевидна три и пол децениска хронологија на македонските турбуленции во периодот од пред и за време на осамостојувањето на Македонија, транзициските премрежиња, егзистенцијалните, меѓуетничките, партиско-политичките турбуленции, како и нестабилните меѓународни позиции на државата.

Содржини од оригинални авторски новинарски текстови на теми кои, сместени меѓу кориците на осумте Зоранови „Амбиенти“, го актуелизираат и ова време сегашно и она натаму идно.

Како и сите претходни, и оваа осма книга „Амбиент“ на Иванов е со своја специфика.

Таа, всушност, е негов нов журналистички серијал објавуван на престижниот веб-портал „Нова тв.мк“ под генерален наслов „lu-ping“, кој содржи точно сто куси новинарски текстови – коментари посветени на актуелни случувања на домашната и на меѓународната сцена, објавени во периодот од 9 јануари 2025 година до 3 март 2026 година, како и три текста од неговата новоотворена рубрика „Post scrip-um“, исто така, на интернет порталот Нова, каде што Иванов е главен уредник.

Станува збор за куси, јасни, воедно продлабочено сложени текстови кои ги отсликуваат оригиналноста, острината, директноста и бескомпромисноста на авторовите ставови со времето и, особено, со возбудливоста што тие ја предизвикуваат кај читателот.

И во оваа осма, како и во претходните седум книги, Иванов останува актуелен, уникатно директен. Напати ироничен, но содржаен, покажувајќи ги ретката аналитичка дарба и неверојатниот сенс преку актуелните случувања да ги предочува и наредните неминовни процеси и настани.

Токму затоа, „Амбиент“ – книга осма (2025-2026) („lu-ping“) е уште еден уникатен одблесок на, сега веќе, пет и полдеценискиот новинарски опус на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство, аналитичар, хроничар на денот и времето, журналистички епилог без крај.

Слободен печат

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ