• Latest
Фото/ Екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје

Од сите општини во Македонија, Данела „најскражава“ испрати само пет пожарникари, за пари ќе се гласа утре

February 7, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Од сите општини во Македонија, Данела „најскражава“ испрати само пет пожарникари, за пари ќе се гласа утре

February 7, 2023 16:10
in ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото/ Екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје

Фото/ Екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќето градови од државава веќе испратија помош за Турција и Сирија, а градот Скопје втор ден заглави во административните процедури. Наместо денеска седницата на Советот ќе се одржи дури утре, а градоначалничката Данела Арсовска испрати само пет пожарникари во Турција, кој ја  сочинуваат противпожарна бригада на Град Скопје.

Градот на солидарноста како што го нарекуваат Скопје, по два дена кога се случи земјотресот во Турција и Сирија, најави дека денеска ќе се одржи седница на Советот на Град Скопје со дневен ред за одобрување хуманитарна помош од 6 милиони денари (100 илјади евра) за Турција и Сирија.

За разлика од Скопје општина Гостивар на чело со градоначалникот Арбен Таравари јави дека осум пожарникари од Територијалната противпожарна екипа –заминаа за Турција заедно со хуманитарна помош. Тие ќе им помогнат на турските власти во санирање на штетите и ќе пружаат помош на тамошните жители по катастрофалните потреси што го зафатија погодениот регион на Турција.

Исто така пет пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип ќе заминат за Турција. Општината ќе даде финансика поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подарчја и населени места во Турција, со цел да се помогне на настраданите и при извлекувањето луѓе кои се под урнатините во подрачјата каде што се случи катастрофалниот земјотрес, соопштија од Општина Штип, Иван Јорданов.

Осум специјално обучени и искусни пожарникари од ТППЕ Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини со 2 противпожарни возила денеска заминаа во спасувачка мисија во пријателска Турција.

„Советот на општина Тетово на вонредната седница одржана денеска додели средства во вредност од 1 милион денари во овие тешки денови за турскиот и сирискиот народ. Дополнително, беше изгласан предлог за формирање на Комисија за следење на постапката за собирање и доставување помош за земјите погодени од земјотресот. Ќе се формират пунктови каде граѓаните ќе можат да им помагаат на турските и сириските граѓани со облека и различни работи според нивната волја и можности“, напиша градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Од друга страна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути истакна дека испратиле тимови во состав од 39 обучени и опремени спасувачи во Турција, каде треба да помагаат во спасување на преживеани од под урнатините по разорните земјотреси што ја погодија земјата.

Н. А.

Tags: Данела Арсовскатурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ