• Latest
Добро утро со Орданоски

Од Софија, со љубов, виа Табановце!

February 16, 2021

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Од Софија, со љубов, виа Табановце!

February 16, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Трогателно е бугарското неснаоѓање со Македонија.

Откако неверојатно детално и енергично ја упропастија историската можност да станат патрони на македонскиот евро-интегративен пат, од сега, па до вечноста; откако со месеци, во огнен дипломатско-политички бараж, ги истураат сите потиснати минатовековни фрустрации врз главите на вчудовидената ововековна македонска јавност (која, дувајќи на историската балканска маштеница, никогаш и немала навика на соседите од исток да гледа со големо пријателство); откако, без око да им трепне, го „потрошија“ трпението и идеолошко-политичката флексибилност на човекот-гума-другàрче Заев (кој, кога ќе ја заврши политичката кариера овде, ќе замине во мисионерска посредничка мисија за изнаоѓање компромис помеѓу популациите на најотровните видови на кобрите и оние на зелените мамби во Конго, бивша Киншаса); откако помислија дека ќе останеме импресионирани од еден провинциски политички провокатор како Каракачанов, но и од компулсивно-опсесивните навреди во квази-европските „бели ракавици“ на Захариева и Џамбаски… Значи, откако се сетија да направат сè во корист на сопствената – и наша – регионална штета, сега се скандализираат од некои реакции во македонската јавност во врска со гестот на Вучиќ да ѝ помогне со неколку илјади вакцини на Македонија во оваа мизерија со пандемијава.

Демек – а-хааа! – на Србија во Македонија се гледа со многу поголемо пријателство, отколку во случајот со Бугарија! Бугарскиот евро-пратеник Џамбаски дури тврди дека кон Вучиќ во Македонија се негува „култ на личноста“, дури и пошироко од светогледот на Српче Богдановиќ.

О-кеј, можеби треба одредено дообјаснување за Џамбаски и другарите…

Кога, во светот на овдешниот соседски етно-национализам, би ги поедноставиле работите до најпростите составни делови – што е опасен метод, бидејќи реалниот живот е многу, многу покомпликуван од простиот збир на елементарните составни делови! – македонскиот просрпски сентимент (таму каде што го има) се темели врз југословенскиот суспектен однос кон иредентистичките намери на Албанците, истовремено кога на Бугарите се гледа како на некои кои го негираат македонското етничко потекло, а радо би се согласиле и на етно-територијална трампа со македонскиот запад, под услов да се зачува „коридорот“ кон „светоста на Охрид“.

(Добро, де, може на ова да се додадат уште сто нијанси и толкувања, ама идејата е описот да не стане цело енциклопедиско тесто од 100 страници – за што секако ќе се погрижат коментарите на Фејсбук и под овој текст!)

Очигледно, Бугарите имаат потешкотии – за разлика од Американците, на пример – да разберат дека единствената, мирнодопска, расположлива опција за поштедување на Македонија (и на Балканот) од проверката на демократската, унитарна функционалност на погоре опишаните варијабили во државата е – (Северна) Македонија во Европската Унија.

Следствено, тие што го спречуваат тој европски контекст за Македонија, работат и на краток и на среден и на долг рок против нејзиниот опстанок. Релативно просто.

Се разбираме ли сега, господине Џамбаски?

Гледате, ова Вучиќ го знае „од мали нозе“, го има „цицано“ уште додека учеше политика од Шешељ, па кога Бугарија толку евтино, практично бесплатно ќе му ја „сервира“ Македонија на анти-европска тацна, Вучиќ треба да е будала за да не седне во автобус до Табановце и, со една кутија вакцини, да ги зацврсти сите просрпски стереотипи во Македонија.

Вучиќ не само што не е будала, туку е многу опасен во таа своја вештина да изгледа жовијално будалесто, додека крои регионална политика не само подобро од онаа на Бугарија, туку и од самата ЕУ, што им ја дозволува на Бугарите оваа анти-европска балканска авантура.

Плус, како додаток на целиот тој „евро-бугарски луксуз“, Заев и нема што друго да прави, освен – пригодно понизно, братски – да се појави на Табановце и да го изгушка Вучиќ, кој ужива во својата супериорност во актуелниот балкански однос на силите, така женерозно овозможен од, имено, Бугарија.

Тоа се вика: Од Софија, со љубов, виа Табановце! Трогателно.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ