• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Одат во „војна“ против Брисел и Вашингтон, а блокираат сообраќајници со двајца без тројца

June 10, 2021
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Одат во „војна“ против Брисел и Вашингтон, а блокираат сообраќајници со двајца без тројца

June 10, 2021 17:26
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако е нејзин гласот на снимките што се објавуваат деновиве, Јелена Жугиќ ја одигрува својата животна улога. Таа и нејзината партија не се борат против Заев, туку против Брисел и Вашингтон. И потврдува дека тоа што го говори на снимките се мисли и ставови на нејзиниот претседател, Мицкоски кој, ако си замине, сите ќе заминат, а партијата ќе им ја преземат криминалци. „Ни го осудија Груевски за мерцедесот…“ – вели таа, растреперена, возбудена, патетична… Нема потреба да се аргументира посебно, доволно е само да се преслуша снимката, за да се сфати дека ВМРО-ДПМНЕ има голем проблем. Многу голем проблем. За среќа, колку и да се трудат, проблемот не успева да се излее од нивното заматено партиско корито. Сепак, Мицкоски мора да се одлучи, дали не спие поради Заев или поради Брисел и Вашингтон…

Овие „патриотски“ говори се објавуваат во „вистинско време“. По извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, со која националистите и криминалците во политиката се соочуваат со санкции поради негирањето и попречувањето на имплементацијата на важни договори како Преспанскиот, Охридскиот и Дејтонскиот, се јавија политичарите со најголема мува на капата. Националистичките и ултрадесничарски партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица, не чекаа објавување на листата, туку веднаш се „кандидираа“ за високо место на „црната листа“ на САД.

Но колку и да се трудат да звучат убедливо, во сета патетика на вечното мрачно и неразбрано однесување, на радикалите не им поаѓа од рака да мобилизираат ниту приближно сериозна бројка. Но тие сеедно продолжија со малтретирање на јавноста со блокади на сообраќајниците од 15 до 17 часот и со неуморна продукција на деструктивни пораки во јавната комуникација. Ниту најблиските и најверните членови на партијата не се појавуваат на блокадите тогаш кога му се најпотребни на Мицкоски, ама само на Мицкоски, бидејќи тој е веќе прочитан и напуштен и од најнаивните. Добро забележа еден Фејсбук шегаџија дека пред пекарата „Силбо“ постојано има многу повеќе луѓе, отколку што можат десничарите да соберат на протестите и блокадите.

Непримерно и грубо, без ни малку совест и одговорност, без аргументи и оправдување за блокадите, по неколку луѓе држат во заложништво цели градови во најфреквентниот дел од денот. Не беше така одамна, кога илјадници луѓе од сите заедници, од сите возрасти, со различни политички убедувања, протестираа секој ден во 18 часот, откако ќе заминат луѓето од работа. Само тоа ли е разликата? Времето на протестот и блокадите? Не. Илјадниците луѓе се бореа против режим, бараа правда, слобода и еднаквост.

Овие не ги напуштаат своите позиции со кои ја осиромашија и ја изолираа земјата, го угнетуваа сопствениот народ, тепаа и затвораа невини луѓе, хушкаа на војна, дивееја како да ќе владеат илјада години. Кога ќе погледне човек каде беа и каде се сега, штетата што ја прават сега е и незначителна. Нека блокираат. Нека даваат пример за тоа како не треба да се води политика и да се третира сопствената земја и сопствените сограѓанки и сограѓани.

Сево ова има и една забавна нота. Одат во „војна“ против Брисел и Вашингтон, а блокираат сообраќајници со еден грст луѓе и автомобили. Зарем ги заборавија клупите од парковите?

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ