Categories

КИНОТЕКА Одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

Кинотеката на Македонија денеска напладне ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 27 Октомври. „Твојата приказна во движење“ е мотото под кое годинава низ светот се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани.

Кинотеката на Македонија соопшти дека по повод овој ден ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењето на националното кинематографско наследство и потребата тоа да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кинотеката денеска ќе ја промовира својата нова веб-страница и нов број од списанието „Кинопис“. Ќе биде отворена и изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“ по повод 60-годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон“ во режија на Жика Митровиќ.

Одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство го почна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓунаародните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations). (МИА)

Print Friendly, PDF & Email