ВЕСТ НА ДЕНОТ: Управен суд одби 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива
Управниот суд одби 40 од поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, информираа за МИА од Управен суд.
Одбиена е и една тужба поднесена од ИНТЕГРА. Истовремено до Управниот суд, е поднесено тужба од страна на Социјалдемократската унија и 101 од Левица.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Секуловски: Со бесплатниот скрининг ќе бидат опфатени околу 1000 новинари и медиумски работници
ФЛЕШ ВЕСТИ:
Арбен Таравари вчера на ТВ 24 Вести изјави дека Алијансата за Албанците заедно со Алтернатива ќе одржат протестен марш со порака „Доста е“.
Единственото лице кое донирало пари на партијата Левица за предвременитре парламентрарни избори 2020, е директорот на Рускиот центар во Северна Македонија, Емил Ниами, покажуваат партиските извештаи за примените донации што ги објави Државниот завод за ревизија.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја потврди одлуката на Извршниот комитет да се овласти Христијан Мицковски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство.
Бујар Османи денеска на средба со Самуел Жбогар изјави дека на земјава и е потребна стабилна и функционална Влада со европска перспектива.
Премиерот Оливер Спасовски се сретна со Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија кој го завршува својот мандат во нашата држава.
Регистрирани се 137 нови случаи на КОВИД-19, десет починати и 131 оздравени.
Министерот Венко Филипче ја оцени епидемиолошката состојба како генерално стабилна и дека има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Роковите за учесниците во изборната кампања, глоби од 1.000 до 9.000 евра за непочитување на законските одредби како преостанати обврски на политичките партии како учесниците во изборниот процес.
Страница „Цицки.мк“ која се појави на 10 јуни 2020 на противзаконски начин го злоупотребува логото на организација ЦИВИЛ, односно медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа.
ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните каква е според нив оценката за изборите и работата на ДИК.
Приговори, тужби и најава за протести, а преговори за влада по Илинден во Политичкиот ОК Корал на ЦИВИЛ МЕДИА.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Во пресрет на формирањето на новата македонска влада, најсилното дипломатско дуо во земјава – европскиот амбасадор Жбогар и американската амбасадорка Брнз – вчера имале заедничка средба со Радмила Шекеринска, Никола Димитров и Бојан Маричиќ. Во соопштението од средбата се вели дека е разговарано „за резултатите од изборите, закчлучувајќи дека тие беа успешно спроведени и претставуваат голема потврда на европскиот и евроатлантскиот пат“. И уште дека соговорниците размениле мислења за „пост-изборниот амбиент и можните политички опции за задржување на евроинтегративниот курс“ и дека „императивот на наредната влада треба да биде континуитетот на тој пат, како и посветеноста на владеењето на правото, економскиот развој и понатамошните реформи“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Дипломатски технички нокаут“.
„Не е пријатно да си изложен на удари од сите страни. И од „своите“ и од „туѓите“. Но повеќе од ударите боли молкот и стравот од омразата и радикализмот, кои една мала група насилници и поборници на луди идеи успева да ги наметне врз цели општества“, пишува Петрит Сарачани во „Зборувам сега додека цртаат карти, кога ќе почне тропање на врати, стрелање и околчување, не ме барајте“.
Ангела Петровска