Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите поднесени приговори поднесени за првиот круг од локалните избори.
Портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска за МИА изјави дека седницата завршила утрово и оти се одбиени сите приговори.
До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 имаше поднесено ВМРО-ДПМНЕ, но пред почетокот на вчерашната седница беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа. Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.