• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

Одговор на прашањата „што имам јас од ова“, но и „што имате вие од ова“

January 19, 2021
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Одговор на прашањата „што имам јас од ова“, но и „што имате вие од ова“

January 19, 2021 12:11
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

„Што имаш ти од тоа што ги браниш реформите?“, „Интердисциплинарноста е во ред, туку многу лош ‘тајминг’,“ „Ти си апологет на власта, ги браниш реформите, договорот со Бугарија и Преспа, и сè вкупно,“ „Останавте пет предавници да го браните Заев.“

Очигледно, патриотскиот дел од академската и, пред сѐ, УКИМ-заедница се однесува како да не забележале – или можеби и навистина не забележале – како со години постојано повторувам дека во методологијата на администрирање сè уште не сме го надминале проблемот на „заробена и заробувачка држава,“ според моделот на европските хибридни или илиберални демократии – за да е појасно, идеологијата на Виктор Орбан и Матео Салвини. А постојано инсистирам и на домашната сцена и во меѓународни policy студии и на меѓународни настани – како конференцијата во Виена минатата година организирана со Institut für die Wissenschaften vom Menschen – дека ниту Итните реформски приоритети во својата суштина не се целосно исполнети, туку само површно. На пример, организирав панели, објавував студии, влегов во инцијативата на тинк тенкот Зенит за да објасниме дека  ОТА, иако проголтана од ЕУ и Прибе, не е вистинско решение на тргање на канџите на извршната власт од сувереното право на судскиот прогон кој единствено може да наложи следење. Има и ред други мои критики упатени кон партијата на власт и тоа само во изминатата година, а пред сè, за дерогирањето од Европската повелба на човекови права за време на вонредната состојба по повод ковид-пандемијата, како и предупредување на можната злоупотреба на вонредната состојба за демократско назадување. Не мислам овде за што сум била гласна на социјалните мрежи (единствено), туку и што сум изработила како критичка студија, анализа и сум го пласирала пред меѓународна јавност од соодветен профил (експертски како и пред креатори на политики, а и во рамки на една глобална академска мрежа) – и тука зборувам за мои лични трудови, анализи, и колумни, а не во име на институцијата со која раководам. Имам и доста замерки кон МОН кои до сега јавно сум ги отворила како проблеми, а некои ќе загатнам подолу.

Значи, од пропозицијата „Браниш Преспа, договор со Бугарија, реформи, сè вкупно“, најпрецизно ќе е ако го тргнеме тоа „и сè вкупно,“ оти штотуку видовме дека не е така. Е сега, да видиме зошто одбраната на точките Преспа и Бугарија, плус одбраната на концепцијата за интердисциплинарно основно образование некој ги сведе на едно исто прашање – патриотското. Поради „тајмингот“? Немал МОН никаков тајминг на промоција на реформите. Сите се сеќаваме дека од вмровските војници во затворените онлајн работилници протекоа скриншотови кои ја „обелоденија злобната агенда на огромна реформа,“ а сѐ со цел да се „скрие бришењето на македонската историја“. (Потоа следеа прес-конференции на МОН и објаснувања, како реакција на веќе приредениот скандал со протекувањето.) Толку неуверливо, неинтелигентно звучи овој спин што не ми се верува дека е успешен. Што ќе му е некому толкав труд, кога може да ги смени и учебниците и наставните програми во монодисциплинарната и класична форма во која се наоѓаат сега, ако биде тоа исходот од преговорите со Бугарија?

Преспанскиот договор и напорите да се реши спорот со Бугарија ги поддржав – секако не во секој формат и секакво решение – затоа што, уверена сум дека, сакале или не, за да опстоиме како независна држава на оваа глобална сцена мора да има амин од оние кои се прашуваат и одлучуваат на и за овој континент, а оттука и глобално. Независно од ЕУ интеграциите, НАТО и другите „моркови“, должни сме да си признаеме дека живееме во мрачната и непријатна стварност на премолчана или индиректно соопштена порекнатост на нашата национална самобитност – за да се одбрани сè што е доведено во прашање, потребно е со дипломатска и интелектуална вештина и со современи концептуални „оружја,“ да ја комплетираме нашата приказна за суверено устоличување како нација. Па така, дури и оваа постава на власт да го прави тоа невешто, сè додека настојува да го пресече или отплетка јазолот, ќе се обидувам да дадам поткрепа или критика која може да е од помош. Одговорот на прашањето „што имам јас од тоа“ е следниов – тоа што го заговарам, го заговарам од убедување, а тоа се сведува на следнава многу проста логика: за сите што внимателно набљудуваат, јасно е дека Запад очекува да ги затвориме споровите со соседите. И сега, додека Заев и неговата постава го прават тоа, сите ние, јавноста, или може да поткрепиме со идеи за што е можно поповолно решение за нас, или да му ставаме сопки, да го плукаме, уриваме како предавник, но, правејќи го тоа, да ја ослабуваме нашата страна. До денес не ми е јасно зошто ВМРО ДПМНЕ не се вклучи со идеи за подобро решение во однос на Преспа или сега со Бугарија, туку молчи, бојкотира, критикува – филозофија на „комшијата да му умре козата“, но кога излегува дека комшијата е член на твоето семејство.

Идејата дека може да си го дозволиме луксузот да уриваме одвнатре наместо критиката да е конструктивна (предлог од поголема дипломатска полза за нашата страна), не се должи само на кратковидост. Има тука уште нешто друго што е како природен рефлекс кон инерција, пасивност, инфантилизација (од позиција на жртва), уживање во баруштината на паланечкото status quo. И во сето тоа, една филозофија дека ако си траеш, „големите“ некако сами од себе ќе решат сè или прашањата ќе бидат заборавени. Тоа ви е заблудата, пријатели, заборавање документи по фиоки или одложувања на точката на дневен ред е начин на опстанок и работење во Македонија, но не и надвор од неа, каде се одвиваат и обликуваат односите на моќ, опиплива, реална моќ од економски, геополитички и културен вид. Итар-пејовското свиркање и правење наудрен изгледа само глупаво, простачко и кратковидо на меѓународната сцена на која ние сакаме да опстанеме како држава и суверена нација.

Е сега, како е поврзано, пак, ова со поддршката на реформите во образованието? Ако повторам по десетти пат дека се залагам историја и македонски јазик да се исклучат од реформските процеси, ќе ме сослушате ли зошто длабинска интердисциплинарност, па и интегративна интердисциплинарност се добра работа? Дури и за УКИМ-овци, ова не е ништо ново. Напротив, со децении тезгарат со своите НВО-а промовирајќи интердициплинарност, здраво школство, креативно и критичко учење – вредности кои сите овие децении никогаш не се преселија од семинарите и софрите во училиштата. И ним и мене ни е јасно дека интердисциплинарноста е нужност затоа што е предуслов на секоја европска современа концепција за образование и наука. Цепкањето, пак, на високо наспроти основно, во делот на национална образовна концепција, не смее да постои според Европската стратегија за доживотно учење. Длабинската интердициплинарност е темел на Европската стратегија за новата ERA (European Research Area) за периодот 2030 која бара пречекорување на границите меѓу општествено-хуманистичките науки, од една страна, и природните и техничките, од друга страна, за да се постигне степен на иновативност споредлив со глобалните лидери кои сега Европа се труди да ги стаса. Во ова, Европа очекува и ние да фатиме чекор со неа.

Јас навивам за оваа идеја не само затоа што е „наложена од ЕУ,“ туку и затоа што е добра, затоа што може да понуди тло за научна креативност – која се развива од мали нозе – и конечно да можам да работам во научна средина која не е постотоманска касаба. Со други зборови, јас навивам за менување на status quo во однос на ова прашање, и тоа за длабоки и суштински промени, и преобразба на научно-образовната стварност во средина каде што ќе можам да работам како да сум во Холандија без да се отселам и да заминам за Холандија.

А што имате вие од вашава противреакција? Еве, нема да прејудицирам дека некој за вашите ставови ве плаќа  – како што вие прејудицирате за мене – туку ќе кажам, ве движи љубовта кон непроменливоста на паланката, љубов кон „да си биде ко секогаш што си било“, страв од промени и страв од луѓе кои најавуваат промени. Играта на слободни и креативни духови ве плаши, не се предвидливи, не можете да ги купите, нивната креативна игра или способноста да сонуваат (дека, ете, ќе понудат естонско образование, да баталиме финско), па и да се дрзнат да спроведат таков сон, ве плаши – нема да се снајдете во новата стварност, а и не знаете како да излезете од вашите оклопи на ригидност. На меѓународни конференции стоите по ќошиња, разговарате само со тие што знаат српско-хрватски или ниту со нив, одите во шопинг и не поставувате прашања на сесиите. Keynote speakers не сте скоро никогаш, ама па не сте криви – за тоа треба да ве поканат, не се конкурира со реферат. Е таа уплашена крутост, која ја преобразувате во провинцијална помпа на „проф. д-р“ во маалото, ќе треба да се сруши, фрагментира и нема да опстане во услови на слободна научна креативност (а со тоа и образовна).

А конечно, зошто вие кои сте цел живот на државна плата ме прашувате мене, „што имам јас од власта“? Вие ништо не правите повеќе од тоа што морате за да си ја заработите платата, а сè друго што заговарате го наплатувате, па така истата логика ја проектирате врз мене? Но, да речеме не е така, и дека ве движат вредности, макар и паланечко-конзервативни.

Ако навистина ве засега автономијата, прашајте го МОН следново: кога оној прикрпен хибрид од закон од 2018, со еден куп решенија кои ја кршат автономијата на високото образование ќе биде радикално исчистен од елементите на преголема контрола на извршната власт врз суверениот терен на академската стварност? Првите што ми паѓаат на памет се: задолжителните (ре-)акредитации на секои пет години (наместо да се прави тоа по потреба), давање „решенија за исполнетост на услови според програма“ како да е решение за работа (нешто што никаде не постои, при што акредитирана програма апаратчиците на МОН знаат да ја држат во парализа по 2 години, а акредитацијата ви важи 5 години), детализирани членови налик на правилници во Законот така што излегува дека службениците и инспекторите ве бираат а не факултетите, протежирање компании (базите на журнали) во законот; и, конечно, фамозната „нострификација“ со која ви е de facto одземено сувереното академско право да признавате и вршите еквиваленција на дипломи како што налагаат принципите на EHEA. Европската високо-образовна област или EHEA налага автоматско признавање и еквиваленција на дипломи од страна на високо-образовните установи на сите членки на Еразмус програмата, но нам ни е тоа оневозможено бидејќи го врши МОН наместо нас. (Што е најлошо, сета „контрола на МОН“ се покажа трула бидејќи бирократизмот, парадоксално, овозможи сомнителни увози на контингенти студенти од определени земји на определени приватни универзитети.)

Сите овие состојби се наследени уште од 2018 кога МОН не донесе суштински подобар закон, туку само помек приод и поподносливи решенија, компромиси кои се, сепак, во судир со EHEA. Така, имате вие што да ја прашате Мила, ама за да ги поставите овие прашања треба вистински да ви се работи, да имате автентична страст за иновација и желба да се натпреварувате – како институции – на европската агора на знаење и иновација. Ама не сакате да си отворате работа. Толку е полесно да се оговара и „се шушка“, на пример, кој ќе ги држи обуките – без гајле, не сум и нема да бидам јас. Пак ќе бидете вие, несомнено, а јас сум била и ќе останам соросоиден аутсајдер.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ