„Национализмот е последно прибежиште на неранимајковците. За среќа Велес е во голем степен исклучок од тоа правило. Живееме во општина која е мултиетничка во која добро функционираат односите меѓу различните етнички заедници, но генерално гледано, мислам дека најголеми виновници се оддредени политички структури кои неможејќи на друг начин како да ја придобијат довербата од граѓаните секогаш прибегнуваат кон национални чуствителни теми со кои најмногу можат да ги поттикнат емоциите на граѓаните и на тој начин вештачки се одржуваат на политичката сцена. Се надевам како ќе се демократизира општеството така тие групи ќе стануваат сè помаргинални и дека на политичката сцена ќе доминираат тие што ќе имаат вистински вредности“.
Аце Коцевски, градоначалникот на Општина Велес
Коцевски: Национализмот е последно прибежиште на неранимајковците
05 октомври 2020 година