Македонската влада упати остри реакции до официјален Лисабон по изјавата од португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, на брифинг со новинари во Брисел, која изјави дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“.
„За мене ова беше прилично несреќна изјава. Изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон кој останува на линија на португалскиот предлог и беше искажано жалење“ изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјавија дека контактирале со владата во Лисабон од каде што добиле уверување дека Португалија не ја менува позицијата во однос на македонско-бугарскиот спор.
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во текот на посетата на Република Хрватска, изјавата на Закаријаш ја квалификува како „длабоко погрешна“.
„Таа изјава од една министерка е пред се резултат на незнаење, но и невнимателност. Да повлечам една аналогија кога станува збор за идентитетот и правото на сопствен идентитет што би се случило кога Хрватска би го довела во прашање црногорскиот или бошњачкиот јазик. Тие јазици постојат и станува збор за идентитетот на една држава и една заедница“ – изјави претседателот на Хрватска“ – Зоран Милановиќ.












