И официјално, референдумот во Босилово, пропадна. Излезноста, според ОИК Босилово, е 32,45%. На референдумот излегле 3.992 гласачи, односно 2.159 гласачи помалку од потребниот минимум за референдумот да успее.
Претставниците на организацијата Здрава котлина, која е носител на иницијативата, во текот на референдумскиот ден, повеќе пати алармираа дека во текот на спроведувањето на референдумот, имало многу нерегуларности. Тие најавија дека ќе поднесат приговори до ОИК. И набљудувачите на ЦИВИЛ нотираа повеќе нерегуларности, за што ќе се објават повеќе податоци во текот на утрешниот ден.