Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот ќе почне со 12. пленарна седница, прва по двенеделниот одмор на пратениците.
На дневен ред на седницата е и предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски, јавува МЕТА.
Зврлевски беше разрешен на последната седница пред одморите, односно на 17 август, а пет дена подоцна Владата ја почна постапката за избор на нов шеф на Јавното обвинителство, односно донесе предлог за распишување оглас, за што надлежно е Собранието.
Оваа е 11. точка на дневниот ред на денешната седница, а на дневен ред ќе бидат и законите за минимална плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса.
Пратеничката група на СДСМ ги повика пратениците од опозицијата да не ја блокираат расправата и да ги поддржат трите закони, кои се предложени во скратена постапка, известува МЕТА.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.