Огромен евакуациски конвој возила со жители на опколениот украински пристанишен град Мариупол се упатува кон Запорожје, објави на Телеграм Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол,.
„Мариупол. Евакуација. Добри вести. Огромна колона автомобили со жителите на Мариупол (од 500 до 1.000 автомобили), кои го чекаа преминот повеќе од три дена, конечно доби дозвола да вози кон Запорожје. Конечно, чекаме нашите родни жители на Мариупол дома“, напиша Андриушченко.
Подготви: Д.Мишев