• Latest

Охридскиот договор донесе придобивки за сите заедници но уште треба да се работи

August 5, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Охридскиот договор донесе придобивки за сите заедници но уште треба да се работи

Охридскиот договор донесе придобивки за сите заедници во нашата држава, но имаме уште долг пат кој треба да се изоди за негова целосна имплементација, заклучија панелистите на денешната тркалезна маса „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници“ што се одржа во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците

August 5, 2021 12:48
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Охридскиот договор донесе придобивки за сите заедници во нашата држава, но имаме уште долг пат кој треба да се изоди за негова целосна имплементација, заклучија панелистите на денешната тркалезна маса „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници“ што се одржа во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби истакна дека нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор е веќе усвоен од страна на институциите на нашата држава, но наша задача е секојдневно имплементирање на тој нормативен дел кој што ќе биде постојан и секојдневен затоа што станува збор за имплементација на Устав и закон.

– Охридскиот договор донесе придобивки за сите и сакам да ја повторам условноста на лојалноста помеѓу граѓанинот и државата – колку е полојална државата кон граѓанинот и заедницата, толку се полојални граѓанинот и заедницата кон државата. Денес гледаме многу полојални граѓани, заедници кон нашата заедничка држава, затоа што всушност државата стана полојална кон сите нас согласно одредбите на Рамковниот договор. Секако дека одржлив развој не е возможен доколку некој биде оставен на маргините на општеството. Благодарение на Охридскиот договор, денеска, покрај македонскиот и албанскиот јазик, имаме општини каде официјален јазик се и ромскиот, турскиот, босанскиот, српскиот, а припадниците на овие заедници веќе се интегрирани во сите сфери на општеството, иако се уште не во посакуваните и соодветните бројки, рече Груби.

Охридскиот договор, потенцира тој, донесе нови можности за сите заедници, донесе можности за сите нас еднакво да се вклучиме во развојот на државата. Тој истакна дека малку се мирновните договори во светот кои што можат да се карактеризираат како успешни, а Охридскиот рамковен договор, како што рече, е апсолутно успешна приказна за сите.

Џефри Голдстин, вршител на должноста шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакна дека мора да признаеме оти се уште има потреба за подобрување на имплементацијата на законодавство, на стратегиите, на акционите планови, особено во однос на правичната застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата.

– Еден од клучните приоритети на ОБСЕ е да и се помогне на државата во креирањето и имплементацијата на политики, односно унапредувањето на правата и институциоиналната рамка преку која сите заедници можат да ги уживаат своите права и активно да учествуваат во сите сфери на јавниот живот. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ги поддржува напорите за промовирање на правата на заедниците во согласност со Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, рече тој.

Еран Куртиш, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), потенцира дека придобивките од Охридскиот договор за сите заедници се видливи, но, како што рече, има уште долг пат кој треба да се изоди.

– Охридскиот договор стави крај на меѓуетничките тензии каде заедниците во нашата земја беа маргинализирани. Овој договор ни ги отвори портите кон пристапување и асоцијација во Европската Унија и НАТО. Денес, по 20 години од потпишувањето на овој Договор сме членка на НАТО. Придобивките за сите нас, за сите заедници од Охридскиот договор се видливи, но имаме уште долг пат кој треба да се изоди. Охридскиот договор не е договор меѓу Македонците и Албанците со кој се заврши внатрешниот конфликт, туку е договор за унапредување и интеграција на сите заедници во Република Северна Македонија. Во наредниот период работата и фокусот мора да биде на имплементација во целост, рече Куртиш.

Вицепремиерот Груби спомна и неколку настани што ќе се организираат на денот на одбележување на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор. На 13 август ќе се одржи конференција со бројни гости во 10 часот во хотел „Александар палас“, по која ќе следи концерт на тенорот Рам Лахај и Филхармонијата во 17 часот во објектот на Филхармонијата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ