Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, во најновиот извештај на организацијата потврди 8.900 цивилни жртви, вклучувајќи 4.074 мртви и 4.826 повредени, во текот на војната што Русија ја води против Украина.
Вкупно убиени 4.074 (1.540 мажи, 1.014 жени, 93 девојчиња и 100 момчиња, како и 69 деца и 1.258 возрасни лица чиј пол сè уште не е познат).
Вкупно 4.826 повредени (971 маж, 653 жени, 112 девојчиња и 137 момчиња, како и 166 деца и 2.787 возрасни чиј пол сè уште не е познат).
Најголемиот дел од цивилните жртви се забележани од употреба на експлозивно оружје со широко подрачје на удар, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање и ракетни и воздушни напади“, се вели во ажурирањето.
ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложено и многу извештаи сè уште чекаат потврда. Ова се однесува, на пример, за Мариупол (регионот Доњецк), Изиум (регионот Харков) и Попасна (регионот Луганск), каде што има наводи за бројни цивилни жртви.
Подготви: Д.Мишев