Околу 10.000 украински граѓани го напуштија полуостровот Крим откако окупаторите почнаа присилна и нелегална мобилизација, пренесува Укринформ според податоците на Меџлисот на Кримскит Татар.
„Локалните жители продолжуваат да ја напуштаат територијата на окупираниот Крим, значителен дел од нив се кримски Татари. Според Меџлисот, околу 10.000 украински граѓани го напуштиле окупираниот Крим заминувајќи во Русија и во странство“, објави на Фејсбук Канцеларијата на постојаниот претставник на претседателот на Украина во Автономната Република Крим според податоците на Меџлисот на Кримски Татар.
Како што е наведено, проруските активисти намерно ги прогонуваат украинските граѓани кои бегаат од криминалната мобилизација, пренесувајќи информации за нив на окупаторските службеници за спроведување на законот.
Како што е соопштено, претседателот на Меџлисот на кримските Татари, Рефат Чубаров изјави дека се развила ужасна ситуација на границите меѓу Русија и земјите до кои Кримјаните се обидуваат да стигнат.
Претседателот Володимир Зеленски за принудна мобилизација на Крим изјави дека е уште еден елемент на руската геноцидна политика.
Подготви: Д.Мишев