Помошник секретар и портпарол на Бирото за односи со јавност на на американсккиот Стејт Департмент, Џон Кирби, денес изјави дека САД се длабоко загрижени од изјавата на македонскиот претседател Иванов да им прости на лицата кои се предмет на истрага во врска со скандалот со прислушувањето.
„Ако се имплементира, оваа одлука ќе ги штити корумпираните службеници и ќе оневозможи правда за граѓаните на Македонија. Таа, исто така, уште повеќе ќе го поткопа македонското владеење на правото, интегритетот на нејзините судски институции, и кредибилитетот на лидерите во однос на нивната посветеност кон основните вредности на НАТО и Европската Унија…
Како пријател на Македонија, САД силно го повикува претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука, и да му дозволи на Специјалното Јавно обвинителство, воспоставено како дел од Договорот од Пржино, да ги истражи сериозните обвинувања за неправилните постапки на Владата, и да им дозволи на судовите да си ја вршат својата работа. Исто така, ги охрабруваме Владата и партиите да продолжат да работат на реформите кои ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон веродостојни избори и евро-атлантска интеграција“.