• Latest

Онлајн тркалезна маса по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

March 18, 2021

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Онлајн тркалезна маса по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

March 18, 2021 09:09
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска ќе одржи тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“, во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески, со почеток во 12 часот на платформата Зум.

Настанот се одржува како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

На тркалезната маса ќе се обратат Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во  Северна Македонија, Анета Дучевска, декан на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Андреј Александрович Липгарт, декан на филолошкиот факултет  на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносо. Модератор на настанот е проф. д-р Биљана Мирчевска-Бошева, директор на Рускиот центар.

Во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески оваа тркалезна маса е замислена како уште еден начин да се осветли личноста и делото на Блаже Конески, овојпат низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски на која ќе се дискутира на следниве теми и тоа на руски и на македонски (како работни јазици):  Конески мостот што ги поврзува македонските и руските слависти и  перспективите и предизвиците на славистиката во 21 век.

 За руските мотиви и влијанието на руските поети во творештвото на Конески ќе зборуваат  Ала Шешкен и   Елена Верижникова од Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За патувањата на Конески во Русија и за неговото значење и улога во развојот и афирмацијата на македонистичките студии во Москва ќе се осврнат Димитар Пандев и Максим Каранфиловски од  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека Весна Мојсова-Чепишевска од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе зборува за развивањето на културната соработка меѓу Северна Македонија и Русија, за улогата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и Рускиот центар како продолжувачи на плодната и успешна соработка меѓу овие две земји.

Македонистиката и славистиката на универзитетите во Русија е во фокусот на интересот во излагањата на  Елена Иванова и  Зоја Шанова од Филолошки факултет при Санктпетербуршкиот државен универзитет и на Ирина Аржанова од Воронешкиот унивеврзитет. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ