• Latest

Општина Центар “казнета” на „Денот на дрвото“?

November 30, 2016

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Општина Центар “казнета” на „Денот на дрвото“?

November 30, 2016 18:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес се одржа 17-тата акција за пошумување, која беше организирана на целата територија на Македонија. Владата, во соработка со „Македонски шуми“, обезбеди 2.620. 000 садници кои требаше да бидат засадени на површина од 500 хектари. Од стотиците илјади садници обезбедени за пошумување на урбаните средини, за Општина Центар беа распределени само 120 дрвца!

Распределбата на садниците, според градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се вршела во однос на стапката на загаденост во одредени региони. Најмногу акцент бил ставен на Скопје, Битола, Кичево и Тетово. За Скопје беа планирани околу 1.500.000  садници, од кои 265.000 во урбаниот дел на градот. Од двата милиона садници обезбедени за пошумување на урбаните средини, за Општина Центар беа распределени само 120 дрвца, 50 садници Туја Смарагд и 70 Туја Вудворди?! Ако се земе предвид бројноста на садници распределени во  Општината Ѓорче Петров – 85.293 садници, се отвора прашањето; дали Општина Центар е најнезагадената општина во Скопје, или распределбата на садниците се врши според други критериуми, недостапни за јавноста?

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, остро реагираше на социјалните мрежи за ваквата распределба на садниците, обвинувајќи ја власта дека сака да „ќари“ поени во предизборниот период:

“Почитувани центарци, денес е ‘Денот на дрвото’ и вие имате право да ја дознаете ВИСТИНАТА! Државата, преку ‘Македонски шуми’, има различен аршин према единиците на локална самоуправа, па своеволно одлучува – која општина колку садници ќе добие за зазеленување на просторот.  Општина Аеродром добива 22.770, Општина Ѓорче Петров добива 85.293, Општина Гази Баба добива 67.905, а Општина Кисела Вода добива 30.000 садници. Верувале или не, оваа година Општина Центар добива само 120 (со букви: стоидваесет) садници. Власта и преку оваа акција ги казнува граѓаните на Центар. За Ѓорче Петров – 85.293, а за Општина Центар, во која власта и Град Скопје направија најбрутална сеча на дрвјата, ‘цели’ – 120 садници. Значи, 710 пати повеќе садници се пратени за садење во Ѓорче Петров, отколку во Центар!? Жителите на Центар имаат еднакво право на чист воздух! Дури и во предизборен период, кога власта сака да ‘ќари’ поени на секој можен начин, сите граѓани имаат исти права. Без разлика на ова владино самоволие, ние и понатаму ќе водиме максимална грижа за здрава животна средина и повеќе зеленило”, напиша Жерновски.

opstina-centar-dock

„Градоначалникот на Општина Центар беше поканет, но не дојде на координативните средби со градоначалниците на општините во Град Скопје и со градоначалникот на Скопје, по повод повод акцијата ‘Ден на дрвото’“, се вели во демантот на ЈП „Македонски шуми“.според ЈП, по одржаните  координативни состаноци, кај нив се јавило лице вработено во Општина Центар кое побарало 120 садници да бидат распределени на таа општина и „Македонски шуми“, тоа го испочитувале.„Изјавата на Андреј Жерновски е злонамерна, тенденциозна, не соодветствува со вистината и дадена е со цел за нарушување на угледот“, соопштија од „Македонски шуми“.

Ивана Талеска

Tags: “Македонски шуми“Андреј Жерновскиден на дрвотоизбори 2016Македонијаопштина центарСКОПЈЕЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ