• Latest

Оптимизам и скепса во Атина и Скопје за името

February 3, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оптимизам и скепса во Атина и Скопје за името

February 3, 2018 12:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето за името беше доминантно и изминатава недела. Медијаторот на ОН, Метју Нимиц во Скопје и во Атина ги слушна ставовите на двете страни за предложените идеи за надминување на разликите во спорот за името. Според експертите преговорите се на добар пат и може да се најде решение за ова прашање.

Македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас го делат истиот став дека до јуни ќе се постигне решение за спорот.

Премиерот Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за 25-годишниот спор за името со Грција и на Самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Република Македонија.

Во изјава за бугарската телевизија „Нова“, Заев вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум.

– Референдумот треба да биде дополнителна гаранција и за нашите пријатели од Република Грција бидејќи со тоа дефинитивно ќе се тргнат сите сомнежи, а народот ќе стои зад решението кое ќе биде прифатено. Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, се уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија, истакнува Заев.

Убеденост дека до јуни ќе се реши прашањето за името, изразува шефот на грчката дипломатија во интервју за Ројтерс и вели дека решението е во интерес и на Грција и на регионот.

– Во животот, Александар Велики… докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме со такви прашања, вели Никос Коѕијас во интервјуто за Ројтерс, јавува дописникот на МИА од Атина, а изразува и оптимизам дека решение може да има до јуни, објаснувајќи дека тоа е во интерес на сите.

Посочува дека постои нов моментум по промената на власта кај нас, а ја споменува и нацрт спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија.

Во интервјуто, го повторува она што во вторникот го кажа по средбата со Нимиц, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА, дека спогодбата нема да биде текст што ќе ги содржи само грчките ставови, ниту пак завршен договор, туку ќе биде основа врз која ќе може да се започне соработка.

Изјавите на Димитров не помагаат, вели портпаролот на грчката влада во интервју за државната ТВ ЕРТ, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со Нимиц.

– Политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија, во последните месеци има променето низа изјави од минатото, има усвоено една поумерена позиција и тоа помогна преговорите и разговорите да одат напред и да се создаде една добра клима меѓу двете земји. Мислам дека изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат во оваа насока, бидејќи знае многу добро, а за овие теми разговараа и двајцата лидери господинот Заев и господинот Ципрас дека постојат конкретни барања, политички барања за да можеме да стигнеме до заемно прифатлив договор, рече тој.

Посочува дека во преговорите постојат три основни столба на грчките позиции“.

– Првото е сложено име. Второто е она што го нарекуваме ерга омнес односно кон сите, сложено име за севкупна употреба, што го вклучува и соседот, што значи дека е неопходна уставна ревизија, за да може ова ерга омнес да се реализира. И третото е она што се однесува на иредентизмот, што исто така се поврзува со уставна ревизија. И мислам дека добро ќе биде да не го предвидуваат резултатот и да не поставуваат црвени линии, објасни портпаролот на грчката влада, пренесува МИА.

Решение на проблемот со името со цел побрз влез на Македонија во ЕУ и НАТО подржуваат 61 процент од македонските граѓани (43 целосно, а 18 отсто донекаде), покажуваат резултатите од телефонска анкета на 1.000 испитаници спроведена од 19 до 26 јануари од М-Проспект за Институтот за Демократија Социетас Цивилис Скопје.

Поддршка за промена на името со цел влез во ЕУ и НАТО изразиле 50 проценти од Македонците (30 отсто целосно, а 20 донекаде), а 95 проценти од Албанците (84 целосно, а донекаде 11 отсто).

На прашањето дали со промената на името ќе се промени и значењето на тоа што е Македонија и македонскиот народ, 34 проценти одговориле дека целосно ќе се промени, 19 дека до некаде ќе се промени, 33 отсто дека воопшто нема  да се промени, а четири проценти оти донекаде нема да се промени.

За 60 проценти од анкетираните Македонци со промената на името ќе се промени и идентитетот (за 40 проценти целосно, а за 20 донекаде), додека 35 проценти го сметаат спротивното.

Кај Албанците 30 отсто сметаат дека ќе се промени (13 целосно, а 17 делумно), а 48 отсто се на став дека идентитетот воопшто нема да се промени и дополнителни 10 отсто дека донекаде нема да се промени.

Во меѓувреме, десничарски грчки организации и здруженија, поддржани од партии и од црквата, се подготвуваат за утрешниот протест во Атина.

– Гркинки и Грци, Македонци и Македонки, сите во Атина в недела, на 4 февруари, сите на плоштадот Синтагма на пладне. Таму, пред парламентот ќе ја изразиме нашата желба. Не за терминот Македонија во името на соседите, не за иредентистичките членови во Уставот на Скопје. Солун кажа, на ред е Атина да викне: Македонија е една и е грчка“, повикуваат организаторите преку видео спотот, објави МИА.

Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од само 800 метри, анархистите подготвуваат контра протест, односно антифашистички собир.

Во однос на протестите во Грција, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вели дека тие се знак на демократија, а луѓето и во двете земји што не се согласуваат со добар компромис, не значи дека имаат лоша намера.

[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Македонија“ГрцијаЗаевимеНимицспор
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ