Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Европската унија, денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.
„Немаме друг избор освен да се спротивставиме на оваа одлука. Подоцна, денеска ќе го поканам Нетанјаху да дојде во Унгарија, каде што можам да го уверам дека одлуката на МКС нема да има ефект“, изјави Орбан за унгарското државно радио.
Орбан додаде дека одлуката на судот „води кон дискредитација на меѓународното право“.
Вчера МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, како и лидерот на палестинскиот Хамас, Ибрахим ал-Масри, за наводни злосторства против човештвото во конфликтот во Појасот Газа.
Извор: МИА