„Јас би сакал да ви прикажам една друга слика којашто секако се однесува на слободата на граѓаните, но е поврзана со технологијата. Сакам да ви укажам на еден однос на граѓаните кон технологијата којашто толку радикално се менува во последните години, а ќе се менува и во наредните, што мораме да размислиме и на тој аспект на слободата на граѓаните во односот со технологијата“, истакна Ванчо Орданоски на конференцијата на ЦИВИЛ, „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“.
„Денеска сме сведоци на огромен напредок на вештачката интелигенција, на автономните компјутери, на автономните возила, некои машини кои веќе стануваат полусвесни или свесни и можат да влијаат на слободата на граѓаните. Во иднина ќе мораме да се справуваме со тоа. Ние не сме ни свесни колку сме блиску до технологијата и до нејзиното влијание на нашите животи“, вели Орданоски.
Тој додаде дека прашање на ден е кога некоја нова Кембриџ аналитика ќе се појави во Македонија, и ќе се обиде да влијае на некои нови избори или на некои важни општествени одлуки.
Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Биљана Јордановска