„Во бизнисот важат правила различни од обичното живеење. Во бизнисот има правило дека бизнисот постои за да прави пари. Во најголема мерка вработените се бираат дали ќе се исполни улогата за да се исполни работното место и дали вработениот ќе биде добар работник“, истакна Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот на јавен настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“
Етницитетот и културата се сепак на некое второ место. Сепак, сметам различноста на работното место апсолутно придонесува за добросостојбата за секој бизнис. Тоа мешање на култури, различни начини на живеење само ја обогатува работната средина и сите учат едни од други бидејќи секоја култура има нешто што се специфично за нив. Со соработниците од странство сум почувствувал дека таа разлика ја обогатува работата, ја прави работата полесна и побогата за некои искуства. Во бизнисот сепак мора да се заврши работата, тоа е основен критериум, но бизнисите кои се мултиетнички финансиски подобро стојат и луѓето се поефикасни во своето работење. На пример младиот директор на Google, тој е Индиец затоа што бил способност и никој не ја гледал бојата на неговата кожа. За диверзитетот, пример директорот на Apple е геј, отворено зборува за тоа, и повторно тој е тој после Стив Џобс и ја дигна вредноста на Apple за 3 милијарди долари.
Сите големи компанија мораат да преземат мерки да се подобри диверзитетот на својата компанија, а тоа придонесува за состојбава, за атмосферата и за тоа како компанијата е свртена кон светот. Освен внатрешната благосостојба, компанијата проектира една состојба на диверзитет на неограниченост и напредност, а тоа и помага на компанијата да го изврши бизнисот.
Во Инфопроект, ние се бавиме со изработка на софтвери на големи компании. Не се случило да направиме софтвер кој не е мултилингвален. И мојата компанија се труди да биде во тој тренд на различностите, на прифаќање на таа култура што ќе биде полесно за корисниците да ја користат.