Денес во Слободна зона: Орданоски за значењето на Меркел на европската и светската сцена, Трајановски „нон пејперот“, Муратов за големите десничарски желби во мали левичарски чевли.
„Претпоставувам дека феноменот со заминувањето на Ангела Меркел од активната светска политика ќе биде сличен како она со струјата: кога ја има, тоа се третира за нормалност; кога ја нема, сите се вчудовидени како да го протуркаат денот без неа.
Така што, мислам дека не е претерано да се каже: Данке Дојчланд што ја ставивте на располагање „Мама Меркел“ на европската и светска сцена, таа убавина нема да ви ја заборавиме.“, Сашо Орданоски во „Данке Дојчланд за „мама Меркел“!
„Ексклузивното“ објавување на т.н. “Non-paper” за македонско – бугарскиот спор од „Клан Македонија“, и покрај демантите од Владата и претседателот на државата дека станува збор за официјален предлог, предизвика бура од медиумски содржини, дел од кои изобилуваа со невистини, потпалувачки говор и говор на омраза.
Оваа куса анализа се осврнува на потпалувањето етнички страсти и говор на омраза во колумната со наслов „Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!“ од уредникот на „Плусинфо“, Бранко Героски, како при неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа од страна на еден од водителите, Горан Момироски, кој во емисијата изјави дека „ќе се леат реки крв за оваа работа“, Жарко Трајановски во „Нон-пејпер, хартија за медиумско потпалување етнички страсти и „патриотски“ говор на омраза“.
Вратата, речиси во секој дом е широко отворена за попишувачите, и за само неколку дена, над пола милион граѓани се попишаа на пописот, изјавија од Државен завод за статистика, која е релевантна институција за спроведување на пописот.
„Наспроти информациите на ДЗС, со други нерелевантни дезинформации излезе пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој во вестите на Канал 5, една од националните телевизии, триумфално изјавил дека: „Народот не само што не отвора врата туку и на клоци ги бркаат попишувачите“.
Со иста реторика, во име на „народот“ зборуваше и бившиот премиер, сега бегалец од правдата во Будимпешта, почесниот претседател на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој пред да се случи упадот во Собрание на 27 април, во вестите на ТВ СИТЕЛ, национална телевизија, изјавил дека „народот нема да седи дома по папучи“, Дехран Муратов во „Големи десничарски желби во мали левичарски чевли“.