„Верувам дека оваа земја заслужува повеќе. Сакам сите заедници да успеат во и низ оваа држава. Затоа го формиравме овој Европски фронт. Да поставиме ѕид против национализмот, ѕид против изолација и блокада и да овозможиме европска интеграција. На овие избори не зборував за себе затоа што во рок од 7 години имавте можност да ме оцените“, рече во Штип кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи.
Османи вети дека доколку ја добие поддршката, Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година. Тој истакна дека тоа е единствената алтернатива за нашите деца да не бегаат од државата.
Тој во Радовиш и Штип, покрај средбите со граѓаните, оствари средби и со чаршиските еснафи, ги посети бизнисите од регионот и се запозна со проблемите, предизвиците и можностите за подобрување на економијата.
Н. А.