„Затоа ја поканив противкандидатката г-ѓа Гордана Силјановска, и пак ја поканувам, ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! – рече кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи.
„Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви требаат 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето. Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се 2-те алтернативи кои ни се нудат“ – истакна Османи на синоќешниот митинг во Црнилиште.
Но ниту Силјановска Давкова ниту штабот на ВМРО ДПМНЕ сѐ уште не одговорија на поканата за дебата.
Н. А.